fbpx

Невремето во Западна Србија предизвика голема штета

-

Поројниот дожд, проследен со град и грмежи кој синоќа ја погоди западниот дел на Србија предизвика штети на патната инфраструктура и на земјоделските насади.

Најпогодени територии од невремето биле општините Чачак, Горњи Милановац, Пожега, Косјериќ, Бајина Башта и делови од Лучане, а според податоците на метеоролозите наврнале и до 60 литри дожд на метар квадратен.

Како што јавуваат српските медиуми поради поројните дождови поплавени биле дел од улиците во општините и подрумите на повеќе станбени објекти.

Локалните власти соопштија дека невремето предизвикало големи штети, пред се на овошните насади, а регистирарни се и оштетувања на патната инфраструктура и на повеќе возила. Повеќе детали за предизвиканата штета се очекуваат во текот на денешниот ден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...