fbpx

Невремето остави без покрив десетици семејства од шарпланинските села

-

Неколку шарпланински села што припаѓаат на Општина Боговиње, претрпеа огромни штети од невремето што вчера го зафати Тетовско.

Уништени се покривни конструкции на куќи, плевни и на други објекти.

Најпогодени се населените места Јеловјане, Ново Село и Урвич, каде од силниот ветер оштетена е и електричната мрежа, поради што се јавуваат чести прекини во снабдувањето со струја.

– Плевната ми е целосно уништена. Силниот ветер откорна и дел од покривот од мојот дом. Мора итно да се реконструира – вели жител на Јеловјане.

Од месната заедница од Јеловјане велат дека не паметат вакво невреме.

– Мештаните почнаа да ги санираат штетите, но сами не можат целосно да ги обноват домовите. Затоа бараме помош од властите, да ни помогнат барем со градежен материјал, за да можеме да ги покриме покривите – изјавија од месната заедница.

Градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, вели дека ќе свика итна седница на Советот на општината, за да се донесе одлука за обештетување на семејствата чии објекти настрадаа во невремето. Од компанијата ЕВН информираа дека во текот на денот, сите населени места ќе бидат целосно снабдени со електрична енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...