fbpx

Италијанската компанија „Кондоте“ ќе гради 4 мали хидроелектрани

-

Италијанската компанија „Кондоте“ ќе гради четири мали хидроелектрани, кои претставуваат инвестиција во вкупна вредност од 19 милиони евра.

– Оваа инвестиција во делот на обновливите извори на енергија на водечката италијанската градежна компанија „Кондоте“, преку фирмата ИМПГ ДОО Скопје, покрај изградбата на четири хидроцентрали, и тоа на Ештеричка, Кадина и на Зрновска Река, каде ќе бидат изградени две централи, придонесе за ангажирање на многу локални македонски компании во изведбата на овие мали хидроцентрали и на тој начин дополнително позитивно влијае на македонската економија – изјави министерот за економија, Беким Незири.

Првата хидроцентрала, лоцирана на Ештеричка Река, над Пробиштип, со комерцијална работа почнува зимава, а другите три хидроцентрали се во фаза на градежни активности, пробивање на пристапни патишта или подготвителни активности за реализација на проектите, во зависност од локацијата.

Сопственикот на „Кондоте“, Дучо Асталди, изрази задоволство од соработката со локалните македонски компании.

-Компанијата „Кондоте“, со историја од 135 години, ја реализираше првата инвестиција од 19 милиони евра во четири мали хидоелектрани за производство на електрична енергија. Планираме да продолжиме со нови ивестиции во Македонија во иднина – изјави Асталди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...