fbpx

Невремето го отежнува санирањето на катастрофата во Тјенцин

-

Невремето и грмотевиците денеска ги отежнуваат напорите за санација на последиците од експлозијата и пожарот во складиштето во Тјенцин, а експертите стравуваат дека поради дождот може да дојде до ширење на големи количини опасни материја, или до хемиска реакција и нови експлозии.

Жителите на пристанишниот град Тјенцин, пожарникарите, полицајците и официјалните претставници утринава, на шестиот ден од несреќата со минута молчење, запалени свеќи и со автомобилски и бродски сирени им оддадоа почест на настраданите.

Во експлозијата и пожарот во складиштето со опасни материјали загинаа 114 лица, а 57 и понатаму се водат за исчезнати. Меѓу жртвите има и 50 пожарникари кои дошле на местото на несреќата по пријавувањето на пожарот, пред да се случи експлозијата. Уште 52 пожарникари се водат за исчезнати. Ова е најголем број на пожарникари настрадани во една несреќа во Кина.

Властите покренаа истрага за експлозијата, а кинеските медиуми јавуваат дека се приведени 10 лица, вклучувајќи ги и највисоките членови на раководството на компанијата „Жуихаи Лоџистик“, во чија сопственост е складиштето.

Во магацинот биле складирани повеќе од 40 видови отровни хемикалии, во вкупна количина од околу 3.000 тона, од кои 700 тона биле содиум цијанид, 800 тона амониум нитрат, кој понекогаш се користи во експлозиви и околу 500 тона калиум нитрат, супстанца за ракетно гориво и огномети.

Подрачјето во радиус од три километри е затворено и е наредено чистење на просторот. Властите соопштија дека нема никакви траги од течење после експлозијата и оти сит водоводни и канализациски цевки кои од складиштето водат кон морето, се затворени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...