Не е вистина дека е ослободен таткото на убиената Вања Ѓорчевска

Преостанатите тројца за кои е одредено продолжување на мерката се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, осомничени за по две кривични дела – убиство и грабнување

-

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е осомничен за делото грабнување во случајот со убиството на неговата ќерка, не е ослободен, туку во моментов се наоѓа во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ изјави дека за Александар се бара мерка куќен притвор, нагласувајќи дека постапката за укинување на притворот може да потрае. Според тоа, тврдењето дека таткото на Вања е ослободен, како што се тврди во објавата, е неточно, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека таткото на убиената Вања Ѓорчевска од Скопје, кој е во притвор како осомничен за грабнувањето на девојчето, бил ослободен.

Кој за што јас пак за „монструмот“! Се јави Ного и го ослободија таткото на Вања. Кои се вистинскките монструми!!??, стои во објавата.

Контроверзниот српски политичар Срѓан Ного на 6 јануари, 2024 година, на неговиот канал на Јутјуб објави видео во кое тврди дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, не сноси вина за случајот и дека нема никаква поврзаност со убиството на неговата ќерка.

Ного објави и снимки од наводен разговор меѓу Ѓорчевски и полициски службеници кои, според српскиот политичар, укажуваат на тоа дека таткото самиот го решил случајот, односно на полицијата ѝ предал материјали за автомобилот „цитроен“ со кој е киднапирана неговата ќерка.

Адвокатот на Александар Ѓорчевски (таткото на Вања) Владимир Туфегџиќ, ја потврди автентичноста на гласот на Александар во снимката која ја објави Ного. Туфегџиќ во изјава за Канал 5 рече дека се бара мерка куќен притвор, иако според него не е оправдана ниту една мерка кон Ѓорчевски. Адвокатот е свесен дека постапката за укинување на притворот може да потрае, но посочи дека целта на барањето е да се одржи кохезија на семејството кое е погодено од трагедијата, објави Канал 5.

Туфегџиќ дополни дека испратиле ургенција до обвинителството за да го повикаат Ѓорчевски да даде исказ, бидејќи тоа го направил единствено уште додека предметот беше во предистрага.

Лицето има дадено исказ во прелиминарна фаза на предистрага кога му бил определен краткотраен притвор, за да биде повикано во фаза на истрага да даде целосен исказ со кој ќе појасни што видел, слушнал и со кои лица преземал дејствија со цел пронаоѓање на неговата ќерка во периодот од 27 ноември до денот на неговото лишување од слобода, воедно како, со кого и на кој начин ги обезбедувал и предавал видеозаписите на полициските службеници, како и за многу други прашања битни за целосно расчистување на овој настан, изјавил адвокатот Туфегџиќ за Канал 5 телевизија.

Основниот кривичен суд во Скопје на барање на Обвинителството на 4 јануари им го продолжи притворот за уште 30 дена на петтемина осомничени за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.

Меѓу осомничените на кои им е продолжен притворот е и таткото на Вања, кој според истрагата им помогнал на останатите да го грабнат девојчето и се сомничи за кривичното дело грабнување.

Преостанатите тројца за кои е одредено продолжување на мерката се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, осомничени за по две кривични дела – убиство и грабнување.

Инаку, првоосомничен за двојното убиство е Љупчо Палевски-Палчо, кој по бегството од земјава, беше уапсен Турција, а по него се трагаше со меѓународната потерница што ја распишаа македонските власти преку Интерпол. Тој се наоѓа во затвор во Баликесир, Турција и во тек е постапката за негова екстрадиција.

Кривичниот совет на Судот го прифати и предлогот за продолжување на притворот за нови 30 дена за Стефан Димковски, осомничен за помагање на сторител во извршување на кривично дело, бидејќи го возел првоосомничениот Палевски од Србија до Турција.

Од сето ова можеме да заклучиме дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој е осомничен за делото грабнување во случајот со убиството на неговата ќерка, не е ослободен, туку во моментов се наоѓа во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Неговиот адвокат Туфегџиќ изјави дека за Александар се бара мерка куќен притвор, нагласувајќи дека постапката за укинување на притворот може да потрае. Според тоа, тврдењето дека таткото на Вања е ослободен, го оценуваме како неточно.

 

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување...

Над 1500 здравствени работници со привремени договори наскоро ќе добијат решенија за работа

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори. „Во овој период ќе...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

ЕФЦСН: Чекор кон побезбеден информациски простор во Европа

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН) ја поздравува конверзијата на Кодексот за практика за дезинформации на ЕУ во Кодекс на однесување согласно Законот за дигитални услуги (DSA). Според...

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици...