„Следоред“, „Мечката“ и „Кавга“ со најмногу Еми награди

„Следоред“ и „Мечката“ освоија во шест награди во категориите драма и комедии, додека серијата на Нетфликс „Кавга“ доминираше во категоријата на кратки серии

„Следоред“ / фото: ХБО Макс

Сериите „Succession“ (Следоред), „Beef“ (Кавга) и „The Bear“ (Мечката) се големите победници на Еми наградите што вчеравечер се одржаа во Лос Анџелес, САД.

Сара Снук, Киеран Калкин и Метју Мекфадиен ги добија актерските награди за своите улоги во „Следоред“, додека серијата ја освои и наградата за најдобра драмска серија.

Елтон Џон ја освои својата прва Еми наградата, со што го доби статусот ЕГОТ и се приклучи кон клубот на изведувачи кои освоиле награди Еми, Греми, Оскар и Тони.

„Elton Live: Farewell From Dodger Stadium“ (Елтон во живо: Збогување од Стадион Доџер) ја доби наградата за најдобра специјална содржина во живо, што претставува прва номинација и Еми награда за британскиот кантавтор.

Меѓу другите победници на вечерта беа „The White Lotus“ (Белиот Лотус) – актерката Џенифер Кулиџ ја доби наградата за најдобра актерка во споредна улога во драмска серија и „Abbott Elementary“ (Основното училиште „Абот“) – наградата за најдобра актерка во комедија ја доби Кинта Брансон.

Драмата „Следоред“ за медиумскиот гигант и борбите за моќ меѓу неговото дисфункционално семејство, по четири сезони, за врши минатата година. Покрај наградата за најдобра драмска серија, ги освои и оние за најдобро сценарио и режија.

Хумористичната драмска серија „Мечката“ освои три актерски награди – за нејзината ѕвезда Џереми Ален Вајт и за споредните улоги на Ајо Едебири и Ебон Мос-Бахрач.

„Следоред“ и „Мечката“ освоија во шест награди во категориите драма и комедии, додека серијата на Нетфликс „Кавга“ доминираше во категоријата на кратки серии.

Актерите Али Вонг и Стивен Јун од „Кавга“ беа прогласени за најдобар актер и актерка во кратка серија.

Наградата за најдобра споредна женска улога во кратка серија ја доби Ниси Неш-Бетс за улогата на жената која ја предупреди полицијата за серискиот убиец во серијата „Monster: The Jeffrey Dahmer Story“ (Чудовиште: Приказната за Џефри Дамер).

Доделувањето на наградите Еми доцнеше четири месеци, поради штрајковите во Холивуд. Номинациите беа објавени во јули, а церемонијата првично беше закажана за во септември.