fbpx

Доделени наградите за новинарски стории на тема „Справување со загадувањето на воздухот“

Посебно признание им беше врачено на новинарите Бојан Блажевски, Мартин Пушевски и Христина Ѓорѓиевска за иновативен и креативен пристап и придонес кон кревање на јавната свест за животната средина

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска свечено ги додели наградите за 2023 година за новинарски стории на тема: „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“.

Првата наградата е доделена на новинарката Катерина Топалова Дејановска за сторијата со наслов „Тешка зима“, објавено на „Дома.еду.мк“. Се работи за новинарски продукт составен од пет прилози во низа во кои е опфатено квалитетно и сеопфатно новинарско истражување, со осврт на законската регулатива и интервјуа.

Втората награда беше доделена на новинарката од „Види Вака“ Ангела Петровска за новинарскиот продукт со наслов „Земја без решение за чист воздух“, а третата награда им беше доделена на новинарите Тони Михаилов и Игор Стојанов за темата со наслов „Текстилниот отпад – од загадувач до суровина и производ со нова вредност” објавена на „Гоце.мк“.

Покрај наградените, денеска посебно признание им беше врачено и на новинарите Бојан Блажевски, Мартин Пушевски и Христина Ѓорѓиевска за иновативен и креативен пристап и придонес кон кревање на јавната свест за животната средина.

На свечениот настан свои обраќања пред присутните имаа претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Jаин и постојниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан, како и наградените новинари и претставници на комисијата за 2023 година.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски во своето обраќање истакна дека секојдневно сме сведоци на разорните влијанија на загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето, животната средина и општеството во целина.

„Од градовите задушени од смог до индустриските локации кои испуштаат отровни гасови, доказите за оваа криза се непобитни. А сепак, премногу често, тој останува занемарен или потценет во јавниот дискурс. Како новинари, ние мора да ја препознаеме моќта на медиумите, да го ставиме проблемот пред граѓаните, да бараме одговорност преку нашата медиумска застапеност и пласман на содржина. На овој начин имаме можност да поттикнеме значајни промени преку зајакнување на јавната свест, ангажирање во истражувачко новинарство. Преку нашата работа, можеме и мораме влијанијата на загадувањето на воздухот, да ги објасниме и доближиме до граѓаните“, рече тој.

Амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Јаин потенцираше дека резултатите од работата на наградените новинари докажува дека во Република Северна Македонија работат новинари способни да известуваат за сложени и предизвикувачки теми како загадувањето на воздухот со интегритет и посветеност.

„Шведска останува посветен партнер на Северна Македонија во насока на пресретнување на еколошките предизвици и заедничка борба со загадувањето на воздухот“, потенцираше Ларсон Јаин.

Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП во земјава, истакна дека улогата на новинарите за подигнувањето на свеста за потребата од справување со предизвикот на загадувањето на воздухот е исклучително значајна.

Целта на јавниот повик за истражувачките стории, велат во ЗНМ, била да се подигне свеста за постоечките проблеми со аерозагадувањето и да се поттикне поголема покриеност на овие теми од страна на новинарите на локално и национално ниво како придонес кон изнаоѓање на најдобрите начините за нивно решавање или ублажување.

Бојан Блажевски е автор на приказната за загадувањето во Пробиштипско.

Жителите на Пробиштип со децении живеат со тешки отровни метали пред нивните домови [галерија]

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...