Наместо „Северна“ и „Македонија“, Сиљановска Давкова сега употребува „нашата држава“ и „нашата земја“

Четири пати во денешното соопштение од претседателскиот кабинет на Гордана Сиљановска Давкова по повод посетата во Ватикан Папата Франциск се употребуваат термините „нашата држава“ и „нашата земја“

-

Во денешното соопштение од претседателскиот кабинет на Гордана Сиљановска Давкова по повод посетата во Ватикан Папата Франциск, повторно не се употребува уставното име на државата, но не се употребува ниту „Македонија“. Единствените термини што се користат се „нашата држава“ и „нашата земја“.

„Таа истакна дека историската посета на Папата Франциск на нашата земја остави силна трага во билатералните односи и го потврди високиот степен на доверба и пријателство меѓу двете држави“, се вели во соопштението.

Понатаму се додава:

„Претседателката Сиљановска Давкова и Папата Франциск ги разгледаа можностите за унапредување на институционалната соработка во областа на образованието, науката и културата и разменија мислење за тековните предизвици со кои се соочува католичката заедница во нашата држава“.

„Посочувајќи дека во нашата земја постои традицијата на почит кон различностите и висока свест за позитивната улога на религијата во развојот на општеството, претседателката го потенцираше значењето и придонесот на католичката црква и ја изрази нејзината подготвеност за продолжување на соработката со католичката заедница“.

„Претседателката изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол, со цел јакнење на партнерството и негување на меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции“.

Сиљановска Давкова при инагуарацијата не го користеше уставното име на државата, потег што предизвика жестоки реакции пред сè од Грција, но и од целата меѓународна заедница која повика на почитување на Преспанскиот договор.

Мицотакис: Да се почитува Договорот од Преспа бидејќи Скопје е изолирано, а не Грција

 

Од кабинетот на новата претседателка подоцна се огласија со тврдење дека „во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела.

„Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име“, стоеше во соопштението на претседателскиот кабинет.

Го прекрши ли Сиљановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено,...