fbpx

Аудиенција на претседателката Сиљановска Давкова кај Папата Франциск

Претседателката изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол

-

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, денеска во Апостолската палата имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за упатените честитки од Папата Франциск по повод нејзиниот избор за Претседател и истакна дека ѝ претставува особена чест во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, да ја предводи државно-црковната делегација на овој значаен настан, соопшти нејзиниот кабинет.

Таа истакнала дека историската посета на Папата Франциск на нашата земја остави силна трага во билатералните односи и го потврдила високиот степен на доверба и пријателство меѓу двете држави.

Фото: Кабинет на претседателката Сиљановска Давкова

„Претседателката изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол, со цел јакнење на партнерството и негување на меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции“, велат од кабинетот на претседателката.

Сиљановска Давкова и Папата Франциск ги разгледале можностите за унапредување на институционалната соработка во областа на образованието, науката и културата и размениле мислење за тековните предизвици со кои се соочува католичката заедница во нашата држава.

Посочувајќи дека во нашата земја постои традицијата на почит кон различностите и висока свест за позитивната улога на религијата во развојот на општеството, претседателката го потенцирала значењето и придонесот на католичката црква и ја изрази нејзината подготвеност за продолжување на соработката со католичката заедница.

Фото: Кабинет на претседателката Сиљановска Давкова

На средбата беа традиционално разменети подароци, при што, претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подарила голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста.

„По аудиенцијата кај Папата Франциск во изјава за медиумите претседателката Сиљановска Давкова истакна дека на долгата средба со Папата најпрво се усогласиле околу актуелните проблеми, околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската Унија, поддршката на Ватикан на Западен Балкан. Претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи ја соработката во многу области во сферата на високото образование, библиотекарството, конзервирањето, рече дека изразила спремност да продолжи таа соработка“, велат од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бислимоски: Изненадување е и за мене дека ЕСМ ќе ја продава струјата за 60 евра за мегават час

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски изјави дека за него е „изненадување“ дека Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), почнувајќи од 1 јули, ќе ја продава струјата...