Најавена забрзана интеграција на Ромите во сите општествени сфери

„За подобра интеграција на Ромите во нашата земја, како клучно ќе го издвојам задржувањето на најмладите во образовниот систем, за што лично ќе се залагам“, рече премиерот Ковачевски

-

Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот настан во Владата, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, на тема „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница во Северна Македонија“ порача дека неговата лична заложба, како и заложбата на Владата, е да се изгради општество еднакво и кохезивно, во кое граѓаните и заедниците ќе се чувствуваат безбедни и ќе имаат еднакви можности за личен и професионален развој.

„Затоа се залагам во партенерска и искрена соработка со сите општетствени чинители, државни, невладини, граѓански организации, здруженија да ја унапредуваме положбата на ромската заедница во нашата држава“, рече Ковачевски.

Тој изјави дека уште во јули 2019 година, на Самитот во Познан, како резултат на Берлинскиот процес ,заедно со земјите од регионот, државата се обврзала да ја подобри состојбата на Ромите и да постигне конкретни резултати во областа на образованието, вработувањето, здравството, домувањето, граѓанската документација и борбата против дискриминацијата низ патот за пристапување во Европската Унија.

Ковачевски во своето обраќање исто така ја спомена и Националната стратегија за Роми 2022-2030, која ја усвои Република Северна Македонија во согласност со Европската стратешка рамка, и истата ја опиша како дел од јавните политики на државата и основа за преземање на конкретни акции во сите наведени области.

Премиерот истакна дека Ромите имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција и да бидат пример за останатите во регионот, и дека Владата за поддршка на имплементацијата на Стратегијата за Роми за 2023 година издвоила средства за конкретни проекти.

„Посебно ми е драго што нашите сограѓани Роми имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција и да бидат пример за останатите во регионот. Владата за поддршка на имплементацијата на Стратегијата за Роми за 2023 година издвои средства за конкретни проекти. Заложбата на Владата која ја предводам е да го унапредиме овој тренд, создавајќи можности за доследно спроведување на Стратегијата за инклузија на Ромите и Националните акциски планови. За подобра интеграција на Ромите во нашата земја, како клучно ќе го издвојам задржувањето на најмладите во образовниот систем, за што лично ќе се залагам“, рече Ковачевски.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која исто така учествуваше на денешниот настан ги поддржа заложбите на Владата за изградба на едно општество за сите и за еднаков пристап до ресурси и шанси за напредок за сите граѓани. Таа истакна дека државата интензивно работи за забрзана интеграција на Ромите во сите општествени сфери и заложбата за интеграција во Европската Унија.

Фото: Министерство за труд и социјална политика

Според Тренчевска, 400 деца Роми годишно бесплатно се вклучени  јавните детски установи преку заеднички проект на Министерството за труд и социјална политика, Ромскиот едукативен фонд и 20 единици на локалната самоуправа, а вкупно околу 5.000 деца се вклучени во 20 општини во текот на неколку години.

Министерката на труд и социјална политика исто така нагласи дека државата има највисок број на вработени Роми во јавната администрација од сите земји во регионот.

Во Гаранција за млади во 2022 година беа вклучени вкупно 1075 Роми. Од нив, 245 лица биле вработени во период од 4 месеци по нивното вклучување во Гаранција за млади (преку посредување за вработување), а 36 лица биле вклучени во некоја мерките за вработување (обуки) со што ја подобруваат нивната вработливост. Решаваме и предизвици како непријавената работа. Ја креиравме Националната програма за трансформација на непријавената работа. Оваа програма е изработена во рамките на проектот Интеграција на Ромите 2020. Целта на Програмата е намалување на непријавената работа кај Ромите од 39% на 25% до 2025 година“, рече Тренчевска.

Министерката ја најави и подготовката на Законот за лица неевидентирани во матичната книга на родени, што е предизвик кој ги ограничува дел граѓани во остварувањето на нивните човекови права.

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија...