fbpx

Наградата „Јасмин“ за Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски

-

Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски се годинашните добитници на државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, информираат од Министерството за култура.

Наградата за 2021 година за остварувања во областа на публицистиката ја добија Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски, додека во областа на новинарството Аделина Марку и Марјанчо Николовски.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2021 година (вторник), во 12 часот во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за култура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...