петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Новинарство | 40 резултати

Фисник Џелили од „Порталб“ добитник на награда за најдобро известување на локални теми

април 4, 2025

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ги додели традиционалните годишни награди, оддавајќи признание на најистакнатите новинари и медиумски професионалци. За најдобро новинарско известување на локални и регионални теми, наградата ја доби Фисник Џелили од Порталб.мк за сторијата „Насилството меѓу учениците – сериозен аларм во Тетово “. Жири комисијата во состав Герман Филков, Душица Мрѓа […]

Владата гo осудува неодговорното известување од Кочани на одредени странски медиуми

март 20, 2025

Денес во Кочани се одржа погребот на жртвите коишто трагично ги загубија нивните животи во несреќата во дискотеката во Кочани. Иако посоеше владин протокол за медиумите како да известуваат од погребот, голем број странски медиуми тоа го вршеа неодговорно и неетички, според Владата. Од таму ја изразија својата најостра и недвосмислена осуда велејќи дека некои странски медиуми […]

ЗНМ и СЕММ: Meдиумите да објавуваат проверени информации

март 16, 2025

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи во Кочани, а со оглед на сериозноста и сензитивноста на случајот, апелираме до сите новинари и медиуми доследно да ги почитуваат етичките принципи од […]

Новинарството во криза: Професионални предизвици и ниски плати, дали РСМ останува без млади новинари?

јануари 19, 2025

Ниските плати, несигурните работни места и недостатокот на професионален напредок се само дел од секојдневните предизвици со кои се соочуваат младите новинари во Северна Македонија. Овие елементи ги демотивираат младите од студирањето на новинарството, па дури ги тераат и да се повлечат од оваа професија. Студентите по новинарство се жалат дека на универзитетите ја немаат […]

Новинарство за новата генерација: Младите учеа како да работат со податоци и да креираат визуелизации

ноември 16, 2024

Денес, повеќе од кога било порано, потребно е искусните професионални новинари да го споделат своето знаење со помладите колеги и да се осигураат дека напорите за зачувување на вистината ќе се применуваат и понатаму. Ова беше главната порака од новинарот на Њујорк тајмс, Роберт Гебелоф, на отварањето на обуката за работа со податоци и визуелизации […]

Остануваат уште неколку дена: Аплицирајте за учество на обука и можност за патување во САД

ноември 1, 2024

Остануваат уште шест дена до крајниот рок (08.11.2024 г.) за апликација за учество на обука за дата новинарство и визуелизации на податоци преку која најдобрите учесници ќе имаат можност да заминат на еднонеделна посета на САД. Обучувач ќе биде еминентниот новинар на „Њујорк тајмс“, Роберт Гебелоф, кој воедно предава дата новинарство на Факултетот за новинарство […]

(ГАЛЕРИЈА) Отворено студио за медиумски иновации на Правниот факултет „Јустинијан Први“

октомври 8, 2024

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ денеска се отвори студиото во рамките на Центарот за иновации во медиумите, проект кој цели да ја подобри практичната настава на новинарските студии. Деканот на Правниот факултет, „Јустинијан Први“ – Скопје, Сашо Ѓеоргиевски, на денешниот настан по повод отворање на студиото истакна дека ова е проект кој е […]

Вештачката интелигенција и правата на интелектуална сопственост – тешките битки претстојат

јануари 13, 2024

Американските актери и сценаристи во 2023 година се впуштија во штрајк, во кој еден од главните барања им беше да се регулира користењето на творбите генерирани од вештачката интелигенција. Најголемиот американски синдикат за актери (SAG-AFTRA) бараше поголема заштита при реплицирањето на лицата и гласовите на актерите со помош на вештачка интелигенција, додека сценаристите од САД […]

Државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ доделена на Мишко Иванов и Ненад Георгиевски

декември 21, 2023

На церемонија во Собранието, денеска државната награда за остварувања во новинарството и публицистиката „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ им беше врачена на Мишко Иванов и Ненад Георгиевски. Мишко Иванов ја доби наградата за остварувања во полето на новинарството. Како што одбележува комисијата за доделување на наградата, станува збор познат уредник, новинар и водител, кој во […]

Презентирана иницијативата за Академија за новинари и медиумски работници

октомври 30, 2023

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Европската федерација на новинари (ЕФН) и Иницијативата за Европска Перспектива (ИЕП), во рамките на Меѓународната недела на медиумска писменост денеска ја презентираа иницијативата „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ која има за цел да придонесе кон создавање поволна средина во која ќе се негува слободата на изразување […]

(ИНТЕРВЈУ) Дерек Вилис: За борба против дезинформациите, новинарството треба да биде потранспарентно

октомври 16, 2023

Дерек Вилис, американски новинар и предавач по новинарство засновано на податоци на колеџот „Филип Мерил“ при Универзитетот во Мериленд, Вашингтон вели дека новинарството засновано на податоци, таканареченото „Data Journalism“, покрај интервјуирањето на луѓето, ви овозможува да интервјуирате и податоци, користејќи ги истите како извор за раскажување на еден настан. Исто така, новинарството засновано на податоци […]

Професијата ви е во опасност, странските новинари ги предупредија македонските

јуни 7, 2023

Сметаме дека новинарството во Северна Македонија е во опасност, изјави денеска Рикардо Гутиерез, директорот на најголемата новинарска организација во Европа (ЕФЈ), откако во изминатите неколку дена, на покана на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), претставници на пет меѓународни новинарски и медиумски здруженија одржаа работни состаноци со претставници од клучни институции во земјава. Средби, како […]

Германскиот издавач Аксел Спрингер вели дека новинарите би можеле да бидат заменети со вештачка интелигенција

март 1, 2023

Новинарите се изложени на ризик да бидат заменети со системи за вештачка интелигенција како ChatGPT, изјави извршниот директор на германската медиумска групација Аксел Спрингер, објави Гардијан. Објавата беше соопштена бидејќи издавачот се обиде да ги зголеми приходите на германските весници Билд и Ди Велт и да премине во „чисто дигитална медиумска компанија“. Наведено е дека […]

Избрани членовите на управните органи на ЗНМ

декември 4, 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги соопшти резултатите од вчерашното гласање за нови членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Советот на чест при здружението. За членови на овие тела се гласаше вчера на Изборното собрание на ЗНМ, на кое за нов претседател беше реизбран новинарот Младен Чадиковски. На годинешното Изборно собрание беа присутни […]

Зилбеари: Според едно истражување, 90% од населението изјавиле дека политичарите се најголемите дистрибутери на дезинформации

мај 18, 2022

Според едно истражување и анкета спроведена од „Метаморфозис“, за перцепцијата околу дезинформациите, 90 отсто од испитаниците се изјасниле дека најголеми дистрибутери на дезинформации се политичарите, потоа медиумите и новинарите, а потоа социјалните мрежи. Ова се само дел од податоците што ги откри главната уредничка на Порталб.мк, Елида Зилбеари во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 каде […]

Балканската мрежа за борба против дезинформации изразува поддршка за хрватските проверувачи на факти Faktograf.hr

декември 21, 2021

Балканската мрежа за борба против дезинформации објави соопштение со поддршка за хрватскиот медиум за проверка на факти Faktograf.hr чии вработени беа предмет на смртни закани, додека нивната веб-страница претрпе масовен кибер-напад што ја попречува нејзината основна функционалност . Овој последен бран напади против проверувачите на факти, кој започна на 10 декември, ја проширува постојаната кампања […]

Формирана е нова секција за млади новинари при ЗНМ

декември 16, 2021

Вчера, по иницијатива на група на млади новинари од повеќе различни медиуми беше формирана секција на млади новинари при Здружението на новинарите на Македонија. „На состанокот на кој имаше четириесетина учесници се дебатираше кои ќе бидат приоритетите и целите на оваа секција во 2022 година. Вмрежување меѓу редакциите, подобрување на социоекономскиот статус на младите новинари, […]

Наградата „Јасмин“ за Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски

декември 14, 2021

Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски се годинашните добитници на државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, информираат од Министерството за култура. Наградата за 2021 година за остварувања во областа на публицистиката ја добија Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски, додека во областа на новинарството Аделина Марку и Марјанчо Николовски. Наградата ќе им биде врачена на […]

Доделени ЕУ наградите за истражувачко новинарство за 2020 година

септември 16, 2021

„Наградите од Европската Унија за истражувачко новинарство“ за најдобри остварувања во 2020 година во Македонија беа доделени во средата во хотелот Александар Палас во Скопје. Заменик-амбасадорот на Европската делегација во Скопје, Џулијан Васало истакна дека истражувачкото новинарство е од голема важност, бидејќи придонесува во заштита на јавниот интерес и бара отчетност од оние кои се […]

Дарко Омерагиќ, новинар од Сараево: Пандемијата го промени животот на сите, посебно на новинарите

јуни 26, 2020

 „Навистина не знам зошто некои медиуми отпуштаа новинари, посебно ми е нејасно зошто беа отпуштани добри новинари. Една од причините која ја слушнав беше намалениот приход од маркетингот, но сепак тоа не би требало да биде причина, ако се земе предвид фактот дека медиумите одамна се присутни и со дигитални платформи, кои од своја страна, […]

Страна 1 од 2