fbpx
Таг: Новинарство

таг: Новинарство

СЕММ: Професионалното новинарство е услов за функционална демократија

Професионалното новинарство е суштински елемент за функционална демократија и за остварување на интересот и на правата на граѓаните за пристап до вистинити и објективни информации, се вели во соопштението на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) по повод Светскиот ден за слободата на медиумите. Подобрениот пристап на јавноста до вистинити и објективни информации, стои во соопштението, значи и...

Во дуелот Заев – Латас настрада новинарството

Гостувањето на Зоран Заев на приватната и провладина телевизија „Сител“ кај уредникот Драган Павловиќ - Латас мина во директни напади и закани врз лидерот на СДСМ и во обид да се испровоцира напуштање на студиото. Имаше малку нови информации од интерес за гледачите, а повеќе дуел со ниско професионално и новинарско ниво. Единствената вест која е нова, а ја соопшти Заев,...

Ристо Лазаров: Со „Танјуг“ излезе обратно од онаа „крајот го краси делото“

На веста за згаснувањето на новинската агенција „Танјуг“, интервјуто со нејзиниот последен директор – како југословенска - колегата Ристо Лазаров (поет, преведувач, критичар, есеист, но и цел живот новинар), го правиме на роденденот на агенцијата - 5 ноември. Како долгогодешен новинар, уште и поранешен директор на „Танјуг“, како ја примивте веста за згаснувањето на новинската агенција? - Искрено, тешко, макар што...

Христов: Македонското новинарство е во длабока кома

Се чини дека изминатите две години ништо не се сменило во Македонија, но, всушност, многу работи се сменија, оцени Боби Христов на панел-дискусијата „Спик ап“ („Проговорете“ или „Кренете глас“), конференција во Брисел за медиумската состојба во земјите од Западниот Балкан и во Турција. - Ако пред години новинарството беше во несвест, сега е во длабока кома. Новинарството е мртво. Медиумите,...

Мијатовиќ: Новите инциденти само ја дополнуваат задушената медиумска атмосфера

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, реагираше поради неколкуте нови инциденти во Македонија, во кои новинари беа изложени на вербални и на физички напади. „Последните закани против медиумите се длабоко загрижувачки. Медиумите мора да останат слободни од закани за да се дозволат независни, критички и плурални гласови во општеството. Ги повикувам властите веднаш да ги испитаат сите овие...

Европската комисија е многу загрижена поради заканите кон Јовановски

По Советот на Европа, ОБСЕ и Европската федерација на новинари, вечерва се огласи и Европската комисија со остра осуда за заканите кон новинарот Борјан Јовановски. - Европската комисија е многу загрижена за последните закани против новинар во поранешната југословенска Република Македонија. Слободни и живи медиуми се основа на демократско општество. Комисијата ги повикува релевантните институции веднаш да го истражат ова...

Доделување на државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“

Новинарките Мирела Саити и Фиданка Танаскова ќе ја добијат наградата „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ за остварување во областа на новинарството, а годинава за остварување во областа на публицистиката награда ќе добие Борче Грозданов. Државната награда за новинарство и за публицистика „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ за 2014 година ќе им биде врачена денеска напладне, во Собранието на Република Македонија.

Саити, Танскова и Грозданов, добитници на наградата „Мито Хаџи-Василев Јасмин”

Годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ во областа на новинарството се Мирела Саити и Фиданка Танскова. Борче Грозданов, новинар во весникот „Вечер“, пак, ја доби наградата во областа на публицистиката. Грозданов е автор на збирката театарски рецензии „На(д) сцената 2“, а тој е и коавтор на монографијата „Чекори под ѕвездените штици“, посветена на 50-годишнината на Народниот театар „Антон Панов“...

Случајот на Кежаровски, пример за политичкото влијание врз слободата на печатот

Случајот на новинарот на „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски, појасно од кој било друг го покажува степенот  на политичкото влијание врз слободата на печатот, стои  во  извештајот на Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс, насловен  „Алармантната состојба со слободата на печатот во Европа“. Комесарот за човекови права во извештајот наведува осум чекори кои треба да се преземат за да се...

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...