fbpx

СЕММ: Професионалното новинарство е услов за функционална демократија

-

Професионалното новинарство е суштински елемент за функционална демократија и за остварување на интересот и на правата на граѓаните за пристап до вистинити и објективни информации, се вели во соопштението на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) по повод Светскиот ден за слободата на медиумите.

Подобрениот пристап на јавноста до вистинити и објективни информации, стои во соопштението, значи и подобра клима за слободно одвивање на новинарската дејсност, „почитување на темелните слободи и права на медиумите и заштита на безбедноста на медиумските работници“.

„Независноста во новинарската дејност, освен што опфаќа автономија на новинарите и ослободеност од политички и од бизнис-влијанија, подразбира постоење и поддршка на механизмите на саморегулација и задоволителен степен на професионална автономија“, велат од СЕММ.

Оттаму потсетуваат дека во Декларацијата од Виндхук, усвоена пред 25 години, се наведува дека независноста се препознава во практикувањето на етиката во новинарството и во моќта на професионалните новинарски и медиумски организации во општеството.

„Трите клучни елементи на Декларацијата од Виндхук продолжуваат да бидат важни аспекти во работењето на медиумите, покривајќи ги слободата, плурализмот и независноста на сите медиумски платформи“, стои во соопштението.

Од СЕММ додаваат дека на годинешната конференција на УНЕСКО во Хелсинки, по повод одбележувањето на Светскиот ден за слободата на медиумите, Советот за етика во медиумите ги претставил своите досегашни активности и предизвиците со кои се соочува, вклучувајќи се и во дискусиите за понатамошно зајакнување и за поддршка на саморегулацијата во медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...