fbpx

Утре конференција „Е-општество“: Проверката на факти и новите технологии во новинарството

-

Утре ќе се одржи 12. меѓународна конференција „Е-општество.мк“ на тема „Проверката на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството“, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.

Kонференцијата ќе се орджи во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје и е организирана во рамките на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија, компонента „Сервис за проверка на факти од медиумите“, имплементирана од Фондацијата „Метаморфозис“.

Гости говорници на конференцијата ќе бидат Џејмс Стајн, Директор на мисијата на УСАИД во Македонија, Валентина Пелицер, заменик-претседавач на одборот на директори на АПЦ (Асоцијација за прогресивни комуникации), Аида Ајановиќ, уредник на „Вистиномер“ во Босна и Херцеговина, и Весна Радојевиќ, уредник на „Вистиномер“ во Србија.

Покрај нив, преку видеоврска ќе учествува Петар Померанцев, британски експерт за медиуми, а со видеопорака ќе се обрати и Алексиос Манцарлис, директор на Меѓународната мрежа за проверка на факти.

Во првиот дел од конференијата ќе се одржат три панел-дискусии на следните теми: „Проверка на факти наспроти лажни вести“ , „Медиумска писменост и барањето на граѓаните за повисок квалитет на медиумите“ и „Промоција на етичко новинарство“.

Во вториот дел од конференцијата паралелно ќе се одржуваат три работилници, на кои ќе се зборува за моменталната состојба на медиумите во Македонија, за интернет-алатките и за тактиките за новинари и за активни граѓани,  и за „Новинарството во улога на чувар“.

Конференцијата ќе може да се следи и преку интернет на http://vozivo.mk.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...