fbpx

Избрани членовите на управните органи на ЗНМ

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги соопшти резултатите од вчерашното гласање за нови членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Советот на чест при здружението.

За членови на овие тела се гласаше вчера на Изборното собрание на ЗНМ, на кое за нов претседател беше реизбран новинарот Младен Чадиковски. На годинешното Изборно собрание беа присутни рекорден број на новинари и медиумски работници, додека регистрирани со право на глас беа 487 новинари.

Согласно резултатите од гласањето, за членови на Управниот одбор се избрани Анета Блажевска, Аслан Вишко, Сенат Зулбеари, Трајче Илиевски, Мишко Иванов, Маја Јовановска, Петар Клинчарски, Искра Опетчевска, Среќко Поповски и Ристо Тасев.

За членови на Надзорниот одбор се избрани новинарите Мефаил Исмаили, Роберт Коцев, Сеад Ризвановиќ, Горан Симоновски и Миомир Серафиновиќ, додека Советот на честа при ЗНМ сега го сочинуваат Саше Димовски, Огнен Јаневски, Мира Костиќ, Емилија Мисирлиевски и Игор Стефановски.

„Годишното редовно Изборно собрание беше најпосетениот новинарски настан во Македонија каде што на демократски и фер начин, новинарите и медиумските работници го искажаа своето мислење за иднината на новинарството во која ќе продолжат да се имплементираат и понатаму принципите на професионалното новинарство“, велат од ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...