Таг: публицистика
таг: публицистика
Државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ доделена на Мишко Иванов и Ненад Георгиевски
На церемонија во Собранието, денеска државната награда за остварувања во новинарството и публицистиката „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ им беше врачена на Мишко Иванов и Ненад Георгиевски.
Мишко Иванов ја доби наградата за остварувања во полето на новинарството. Како што одбележува комисијата за доделување на наградата, станува збор познат уредник, новинар и водител, кој во моментов на пошироката јавност ѝ...
Наградата „Јасмин“ за Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски
Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски се годинашните добитници на државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, информираат од Министерството за култура.
Наградата за 2021 година за остварувања во областа на публицистиката ја добија Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски, додека во областа на новинарството Аделина Марку и Марјанчо Николовски.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2021 година...
Утре ќе се додели државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“
Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ утре (21 декември) ќе ја додели истоимената награда за остварување во областа на публицистиката и на новинарството од интерес на Македонија, во Свечената сала на Собранието во 12 часот.
Добитници на наградата се Аљуш Камбери во областа на публицистиката и Тони Димков за остварување во областа на новинарството.
Доделување на државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“
Новинарките Мирела Саити и Фиданка Танаскова ќе ја добијат наградата „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ за остварување во областа на новинарството, а годинава за остварување во областа на публицистиката награда ќе добие Борче Грозданов.
Државната награда за новинарство и за публицистика „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ за 2014 година ќе им биде врачена денеска напладне, во Собранието на Република Македонија.
Саити, Танскова и Грозданов, добитници на наградата „Мито Хаџи-Василев Јасмин”
Годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ во областа на новинарството се Мирела Саити и Фиданка Танскова.
Борче Грозданов, новинар во весникот „Вечер“, пак, ја доби наградата во областа на публицистиката. Грозданов е автор на збирката театарски рецензии „На(д) сцената 2“, а тој е и коавтор на монографијата „Чекори под ѕвездените штици“, посветена на 50-годишнината на Народниот театар „Антон Панов“...