Над 15 убиени во пукањето на Карловиот универзитет во Прага

Нападот се случил во зградата на Факултетот за уметности што се наоѓа на плоштадот Јан Палах, нешто по 15 часот попладне

-

Полицијата го уби 24-годишното лице кое пукаше во зградата на Карловиот универзитет во Прага, при што уби најмалку 15 лица, а 24 се регистрирани како повредени, јавува Би-би-си. Престрелката се случила во центарот на Прага.

На интернет се појавија фотографии и видеа од лица како трчаат во стариот дел од Прага, кој вообичаено е преплавен со туристи. Нападот се случил во зградата на Факултетот за уметности што се наоѓа на плоштадот Јан Палах, нешто по 15 часот попладне.

Полицијата вечерва соопшти дека нападот го извршил 24-годишен студент на факултетот, кој живеел во село оддалечено 21 километар од Прага. Полицијата претходно го пронашла мртов и неговиот татко.

Мотивите за нападот засега не се познати. Во нападот не се повредени полицајци.

Универзитетски професори и студенти во изјава за Би-би-си велат дека слушнале истрели, по што во амфитеатрите каде што се држела настава наеднаш влегле полицајци. Дел од нив се забарикадирале во простории во самиот факултет за да се заштитат од напаѓачот.

Денешниот напад во Карловиот универзитет претставува најсмртоносен напад во поновата чешка историја. Премиерот Петр Фиала ги откажа сите предвидени активности веднаш по првичните информации за нападот.

Многу европски лидери вечерва изразија сочувство по извршениот напад во центарот на Прага, меѓу кои и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Сочувство до чешките граѓани упати и македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено,...