fbpx

Пендаровски: Ако постои консензус меѓу партиска и непартиска Македонија, големи се шансите да бидам кандидат

Според Пендаровски, ако постои конзензус меѓу партиска и непартиска Македонија, не е битно кој ќе му биде противник на другата страна, соопштија од претседателскиот кабинет

-

Претседателот Стево Пендаровски вечерва во емисијата „Само интервју“ на телевизијата Канал 5 говорејќи за негова можна втора кандидатура за претседател на државата рече дека конечниот одговор граѓаните можат да го очекуваат наредната 2024 година кон крајот на февруари. Според Пендаровски, ако постои конзензус меѓу партиска и непартиска Македонија, не е битно кој ќе му биде противник на другата страна, соопштија од претседателскиот кабинет.

„Ако константите и параметрите се поклопат и се во ред, значи партиската поддршка – минатиот пат имав поддршка од 31 политичка партија зад себе, но да видиме сега евентуално колку би имал, потоа мојот личен рејтинг, па силата на партиите што ќе застанат зад мене и доколку се погоди таа комбинација сосема небитно е кој ќе биде на другата страна. Се прават секакви компаративни анализи, додека на страната на сегашната опозиција, да не навредам никого во лична смисла, меѓутоа скоро да е небитно кој ќе биде кандидат, бидејќи партискиот електорат на ВМРО-ДПМНЕ е веројатно еден од најдисциплинираните во Македонија“, рече претседателот Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...