fbpx

Одбраната на обвинетите за Ласкарци во завршните зборови побара ослободителна пресуда

Адвокатката на второобвинетиот рече дека автобусот немал технички проблеми и ова, додава таа, го докажуваат и експертите кои го изработиле машинското супервештачење и дека несреќата се случила поради вина на возачот

-

Одбраната на второобвинетиот, Ремзи Мифтари кој бил одговорен за транспорт во компанијата „Дурмо Турс“ и одбраната на третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски, кој бил раководител на Станицата за Технички Прегледи „АМЗ Гостивар“ каде што на автобусот му биле извршени техничките прегледи, денес пред судот, ја негираа одгорноста за автобуската несреќа кај Скопско Ласкарци во февруари 2019 година, каде животот го загубија 16 лица, а 38 беа повредени, пишува Порталб.мк.

Во Кривичниот Суд во Скопје со завршните зборови на второ и третообвинетиот продолжи судењето за несреќата во Ласкарци. Адвокатите на Мифтари и Ѓорѓиевски, побараа ослободителна пресуда за обвинетите, додека самите обвинети рекоа дека намаат што да додадат, само се согласуваат со тоа што го кажаа нивните адвокати.

Сузана Абдурахими, адвокат на Мифтари, истакна дека Обвинителството не извело доволно докази за да го докаже обвинението, односно делото за кое се терети.

„Од приближно 200 вербални и материјални докази предложени од страна на Основното јавно обвинителство, ниту еден не оди во прилог на обвинетиот или на некој од другите обвинети. Но, исто така ниту еден друг доказ не докажува дека дејствијата на обвинетиот Ремзи Мифтари подразбираат исполнување на битието на делото за кое се терети“, рече Абдурахими.

Второбвинетиот Ремзи Мифтари од „Дурмо Турс“ за време на рочиштето на 21.12.2023 г. Фото Суад Бајрами/ Порталб.мк

Таа додаде дека обвинителството не дава логичка целина во дефинирање на дејствијата од страна на обвинетиот во оваа постапка што може да се констатира дека истиот не го извршил делото.

„Да се напише дека некој е одговорен, а нема стручна подготвеност и од друга страна одговорноста бара стручна способност, солидно познавање на законот, финансиите, даноците и длабоко познавање на возилата и сè што опфаќаат одредбите за безбедност во сообраќајот и би требало на солиден начин да биде поткрепено со материјални докази“, рече Абдурахими објаснувајќи дека Мифтари не бил одговорен за организирање на транспортот и ова според неа, го докажуваат и сведоците.

Адвокатката на второобвинетиот, во завршните зборови рече дека автобусот немал технички проблеми и ова, додава таа, го докажуваат и експертите кои го изработиле машинското супервештачење и дека несреќата се случила поради вина на возачот.

И одбраната на третообвинетиот, Ѓорѓиевски, во завршните зборови рече дека тој не е виновен за делото за кое се терети.

„Обвинителството со ниту еден доказ не ја докажа причинско-последичната врска меѓу несреќата и делото за кое се терети третообвинетиот“, рече адвокатката Ружа Томеска, додавајќи дека Ѓорѓиевски не го извршил техничкиот преглед на автобусот.

„Обвинетиот не ги извршил техничките прегледи и ова не било негова должност“, додаде Томеска, објаснувајќи дека тој не бил присутен на двата последни прегледи од 2 јули и 18 декември, 2018 година.

Во еден дел од завршните зборови адвокатката на Ѓорѓиевски, се задржа кај одговорноста на возачот, кој, според неа, никогаш не се пожалил на проблеми со автобусот од технички аспект. Во врска со проблемот со сопирачките, таа рече дека автобусот на денот на несреќата поминал околу 400 километри и кочел стотици пати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...