fbpx

На местото на двојното убиство во Челопек биле пронајдени три пиштоли

Еден од пиштолите што биле најдени при увидот е одземен од приведеното лице што пукало, а останатите два пиштола биле пронајдени во непосредна близина на двајцата убиени

-

Јавниот обвинител и увидната екипа на СВР Тетово при увидот на местото на двојното убиство во Челопек пронашле три пиштоли, информираат од СВР Тетово. Во вчерашното двојно убиство што се случи во селото Челопек биле убиени татко и син на возраст од 52 и 28 години, а полицијата го лиши од слобода 59-годишното лице И.И. кое било во роднинска врска со убиените.

„Осомничениот, кој, исто така, бил повреден од огнено оружје, бил приведен во полициска станица и пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош“, информираат од СВР Тетово.

Еден од пиштолите што биле најдени при увидот е одземен од приведеното лице што пукало, а останатите два пиштола биле пронајдени во непосредна близина на двајцата убиени.

По наредба на јавниот обвинител, телата на починатите лица биле дадени на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Двојно убиство во Челопек, приведен е 60-годишен роднина

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...