АРМ го одби последното барање на Украина за нова воена помош

Согласно ставот на Генералштабот на нашата армија, за жал овојпат не можеме позитивно да одговориме, затоа што станува збор за опрема која е дел од нашата формација, односно од потребата на македонската армија, информираше министерката Петровска

-

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информираше дека македонската армија не била во можност позитивно да одговори на новото барање на Украина за воена помош.

Согласно ставот на Генералштабот на нашата армија, за жал овојпат не можеме позитивно да одговориме, затоа што станува збор за опрема која е дел од нашата формација, односно од потребата на македонската армија, информираше министерката Петровска.

Министерката ова денеска го изјави на редовниот годишен брифинг со медиумите.

Инаку, македонската армија досега во два наврата донираше воена опрема за Украина, која се бори против руската воена агресија од февруари 2022 година. Најголемиот дел од донираната опрема за Украина беше застарена и македонската армија не ја користеше.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со историски мапи на Украина

Манипулативни објави на Фејсбук прикажуваат историски мапи, на кои се гледа дека територијата на денешна Украина некогаш била под власта на нејзините соседи, што создава впечаток дека таа е вештачка...