fbpx

На 20 и на 21 мај, работилница и натпревар „Моето прво мини-видео“

-

Францускиот институт во Скопје, Фондацијата „Метаморфозис“ и Регионот Долна Нормандија, на 20 и на 21 мај ќе одржат работилница и натпревар „Моето прво мини-видео“ во рамките на осмото издание на Фестивалот на француски филм. Авторот на наградениот триминутен видеозапис ќе добие престој во Долна Нормандија.

Работилницата ќе се одржи од 17 до 20 часот во Мултимедијалниот простор за настава на Францускиот институт во Скопје. Целта на работилницата ќе биде подготовка за изработка на сценарио и добивање технички совети околу реализацијата на мини-видеозаписи снимени со мобилен телефон.

На работилницата, 15 учесници ќе треба да изработат видеозапис на една од трите теми:

  • Мојот град и загадувањето: Каква иднина?
  • Слобода на изразувањето и
  • Еден среќен ден.

Право на учество на натпреварот ќе имаат само оние кои ќе бидат избрани по затворањето на повикот за учество на работилницата/натпреварот и ќе бидат објавени на веб-страницата на Францускиот институт во Скопје.

Сите пропозиции за понатамошно учество на натпреварот „Моето прво мини-видео“ ќе бидат објавени на веб-страницата на Францускиот институт во Скопје www.ifs.mk.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 9 часот најмал во општините во Изборната едница 6

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори до 9 часот бил 4, 45 отсто, додека на претседателските избори 4,17 отсто. Според податоците на Државната изборна комисија, најмалата излезност за парламентарните...