fbpx
Таг: ФранцускиИнститут

таг: ФранцускиИнститут

Почнува 16. Летен универзитет во Струга

Од денеска до 3 јули, во хотелот „Дрим“, во Струга ќе се одржи 16. Летен универзитет, во организација на Амбасадата на Франција и на Францускиот институт во Скопје. Оваа година на настанот ќе бидат понудени пет наставни модули што ќе ги водат квалификувани обучувачи, а се наменети за наставници и за професори по француски јазик од Македонија и од регионот, односно,...

Француска вечер во Музеј на Град Скопје

Австриската амбасада и Францускиот институт вечерва во Музеј на Град Скопје организираат француска вечер на класична музика. На концертот ќе настапат виолинистот Климент Тодоровски и австриската пијанистка Ема Шмит, изведувајќи дела на Клод Дебиси и Сезар Франк. Концертот е организиран со поддршка на Амбасадата на Франција.

На 20 и на 21 мај, работилница и натпревар „Моето прво мини-видео“

Францускиот институт во Скопје, Фондацијата „Метаморфозис“ и Регионот Долна Нормандија, на 20 и на 21 мај ќе одржат работилница и натпревар „Моето прво мини-видео“ во рамките на осмото издание на Фестивалот на француски филм. Авторот на наградениот триминутен видеозапис ќе добие престој во Долна Нормандија. Работилницата ќе се одржи од 17 до 20 часот во Мултимедијалниот простор за настава на...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...