fbpx

МВР: Утре изменет сообраќаен режим во центарот на Скопје од 09 до 14, а не од 18 до 23 часот

-

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека поради промена на терминот за одржување на манифестацијата „Вело Фиеста” изменет режим на сообраќај во главниот град на 19.09.2021 ќе има во периодот од 09 до 14.00 часот, а не од 18 до 23 часот како што беше објавено во претходното соопштение.

Посебниот режим на сообраќај ќе биде на истите улици кои претходно беа наведени.

На дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...