Денеска 41 починат од ковид-19, меѓу кои и три млади лица на 18, 23 и 31 година

Рентгенска снимка на бели дробови на пациент заболен од ковид-19 со пневмонија | Фото: Hellerhoff, CC BY-SA 3.0, Викимедија комонс

Во изминатите 24 часа од ковид-19 починале 41 лице, меѓу кои и три млади лица на 18, 23 и 31 години, сите од Скопје. Министерството за здравство не соопшти повеќе детали за причините за смртта на младите лица.Возраста на останатите 38 починати се движи од 45 до 84 години.

„Од пријавените 41 лице, 36 се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови“, соопштија од ресорот здравство.

Инаку, регистрирани се 539 случаи на ковид-19, од направени 5.589 тестови. Најголем дел од ново регистрираните позитивни случаи се од Скпоје – 274, а на второ место е Куманово со 52 случаи. Регистрирани сe 245 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.248.079 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 186.549 бројката на оздравени пациенти е 166.851, на починати е 6.437, а бројот на активни случаи изнесува 13.261.