Утре од 18 до 23 часот изменет сообраќаен режим во строгиот центар на Скопје поради „Вело Фиеста“

-

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на подрачјето на Скопје на 19.09.2021 (недела), во временскиот период од 18.00 до 23.00 часот, поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ во организација на Град Скопје, на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Исправка: поради промена на терминот на одржување на настанот „Вело Фиеста“ МВР соопшти дека режимот на сообраќај во строгиот центар на Скопје ќе биде сменет од 09 до 14, а не од 18 до 23 часот.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...