fbpx

Определен осумдневен притвор за петмина учесници во протестот во Тетово

-

Осумдневен притвор е определен за петмина учесници во вчерашниот протест во Тетово во кој беше побарана одговорност од градските власти за пожарот во модуларната болница во кој загинаа 14 лица.

„Основното јавно обвинителство Тетово, по поднесена пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 5 лица за кои постои основано сомнение дека за време на протестите во Тетово, одржани на 17 септември 2021 година, го сториле кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 2 од КЗ“ се вели во соопштението од јавното обвинителство.

Фото: Порталб

Обвинителите додаваат дека за четворица од петмината се води постапка и за сторено кривично дело – Напад врз службено лице.

Од ОЈО посочуваат дека побарале од судот да определи мерка притвор поради постоење на основано сомнение дека осомничените лица ќе се кријат или дадат во бегство, како и дека постои можност да го повторат кривичното дело.

„Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничените им е определен притвор во траење од по 8 дена“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...