Денеска во периодот меѓу 8 и 9.30 часот, на граничниот премин Богородица, Министерството за внатрешни работи на грчките надлежни органи им предало 49 лица, од кои 42 државјани на Сирија и седум државјани на Ирак, во рамки на постапка за реадмисија на илегални мигранти.
„Целокупната постапка за реадмисија, која е почната во септември 2016 година е реализирана во согласност со Договорот меѓу Европската Унија и Република Македонија за преземање лица со незаконски престој, а предавањето на лицата е реализирано по претходно добиен позитивен одговор од грчка страна за нивно прифаќање, во време и на место одредени од страна на грчките надлежни органи“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.