четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ГП Богородица | 20 резултати

Царината одзела возило и стока вредна над 92.000 евра на ГП „Богородица“

декември 12, 2023

Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа привремено задржале товарно моторно возило со полуприколка, натоварено со алуминиумски котури во вредност од 92.635 евра, откако возачот на возилото – странски државјанин, при влез во земјава на граничниот премин „Богородица“ се обидел на царинскиот орган да му стави на увид транспортно средство на […]

На ГП „Богородица“ запленети четири златни алки вредни речиси 10.000 евра

октомври 12, 2023

Запленети се четири златни алки вредни 586.224 денари со вкупна тежина од 77,5 грама, откако истите се пронајдени во женска чанта при детална контрола на патничко возило на граничен премин Богородица на влез во државата, соопшти Царинската управа. Патничката која патувала како совозач не ги пријавила алките кај царинските органи. „Имено таа заедно со возачот […]

Исчезнат Французин пронајден на граничниот премин Богородица

септември 27, 2023

Човек кој во Франција бил пријавено за исчезнат, македонските полициски службеници го пронашле на граничниот премин Богородица кон Грција. Полицајците и припадниците на ФРОНТЕКС го затекнале 21-годишниот С.И. при илегален влез на територијата на земјава, при што тој дал лажен исказ за личните податоци. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека по дополнителни проверки, […]

Хеликоптери на Армијата го гасат пожарот над Пасјак, граничниот премин „Богородица“ по пожарот повторно во функција

август 4, 2021

Со хеликоптери од АРСМ од утрово се гаси пожарот на најкритичната точка над Пасјак во село Нов Истевник во Делчевско. Воздушната поддршка во гаснењето на големиот пожар, кој е активен 48 часа на планината Средна. „Активно во гаснењето на пожарот се вклучени 90 припадници на АРСМ, припадници на Граничната полиција, просторните сили на Општина Делчево […]

Колку е можен слободен проток на патници и стоки во Западен Балкан без заеднички гранични премини?

ноември 14, 2020

Меѓу Скопје и Приштина се патувало за околу еден и пол час не само денес по новиот автопат „Арбен Џафери“, туку и во 80-тите години на минатиот век со воз. Тогашниот експресен воз „Акрополис“ во 1987 година ја минувал оваа дестинација меѓу Косово Поле и Скопје за 1 час и 29 минути, а со сите […]

На „Богородица“ фатени 130 килограми марихуана скриени во шупливи штици

мај 3, 2018

Царинската управа соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ вчера бил спречен шверц на вкупно 130 килограми марихуана, кои биле скриени во шупливи штици во полуприколка влечена од шлепер. Како што објаснија, околу 3 часот вчера на граничниот премин за излез од Македонија се пријавил С.Р. (37) од Албанија, кој управувал со шлеперот со албански таблички. […]

Тринаесет мигранти од Ирак откриени во камион на граничниот премин Богородица

октомври 22, 2017

Полициска екипа и службеници на Царинската управа синоќа, околу 20.45 часот, на граничниот премин Богородица, при контрола на камион со бугарски регистарски ознаки, управуван од 45-годишен грчки државјанин, откриле група од 13 мигранти од Ирак, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Мигрантите, како што информира МВР, биле пронајдени во специјално направен бункер во предниот дел […]

На граничните премини Богородица и Дојран за влез во Грција се чека половина час

јули 2, 2017

Интензитетот на сообраќајот на патните правци во земјава надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини Богородица и Дојран со Грција, за влез и за излез се чека околу 30 минути, информира Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). На другите гранични премини нема подолги задржувања. Од АМСМ потсетуваат дека овие информации се однесуваат само за македонската […]

Запленети 7 килограми хероин на граничниот премин Богородица

април 18, 2017

Царинските инспектори од одделението за оперативни работи за време на велигденските празници на граничниот премин Богородица заплениле 7 килограми хероин, соопштија денеска од Царинската управа. Како што информираат оттаму, дрогата е запленета во саботата, а била сокриена во возило што го управувал државјанин на Србија, кој бил пријавен за влез во земјава. „При контрола на […]

Запленети 144 килограми марихуана на граничниот премин Богородица

април 13, 2017

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница, вчера заплениле 144 килограми марихуана, која била сокриена во приколка од товарно возило, соопшти денеска Царинската управа. Како што информираат оттаму, камионот со странски регистарски таблички, управуван од бугарски државјанин, бил пријавен за излез од земјава. Цариниците го селектирале за детална контрола откако се посомневале во тврдењата […]

МВР ѝ предаде на Грција 49 мигранти, во согласност со договорот за реадмисија

февруари 9, 2017

Денеска во периодот меѓу 8 и 9.30 часот, на граничниот премин Богородица, Министерството за внатрешни работи на грчките надлежни органи им предало 49 лица, од кои 42 државјани на Сирија и седум државјани на Ирак, во рамки на постапка за реадмисија на илегални мигранти. „Целокупната постапка за реадмисија, која е почната во септември 2016 година е […]

Поради лошото време, забранет e влезот на камиони во Грција на преминот Евзони

јануари 11, 2017

На тешките товарни возила кои транзитираат меѓу Македонија и Грција, преку граничните премини Богородица и Евзони не им се дозволува влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата. Вакво известување утрово добиле македонските полициски служби на граничниот премин Богородица од своите колеги на преминот Евзони, од грчката страна на границата. Поради забрната […]

Запленети злато и платина на граничниот премин Богородица

септември 14, 2016

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница, вчера заплениле околу еден килограм златна жица во парчиња и 57 грама платина, соопшти денеска Царинската управа. Како што информираат оттаму, вредноста на запленетото злато и платина е проценета на околу 38.000 евра. Златото и платината биле сокриени во пластичен сад наполнет со ориз, што цариниците […]

На Богородица запленети повеќе од 8 килограми марихуана

април 26, 2016

Екипи на одделот за организиран криминал на МВР и на Царинската управа завчера во заедничка акција на граничниот премин Богородица заплениле повеќе од 8 килограми марихуана, сокриена во возило што го управувал 19-годишен скопјанец, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, против возачот М.С. (19) е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет […]

Блокиран граничниот премин Богородица

февруари 13, 2016

Такси-превозници и автобуси утринава во 10 часот го блокираа граничниот премин Богородица. Како што соопштија на Автомото-сојузот на Македонија, поради блокадата, оневозможен е влез и излез од Македонија кон Грција. Граничниот премин Богородица, исто како и претходните денови, ќе биде блокиран до 12 часот. Таксистите и автопревозниците протестираат бидејќи не се вклучени во превозот на […]

МВР и царината заплениле 30 килограми марихуана на граничниот премин Богородица

декември 14, 2015

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Царинската управа во саботата минатата недела, при контрола на автомобил на граничниот премин Богородица, откриле и заплениле околу 30 килограми марихуана. Како што информираат од МВР, во саботата, околу 19 часот, на граничниот премин Богородица на излез од земјава бил запрен автомобил марка „рено меган сценик“ со гостиварски регистарски […]

Страна 1 од 1