fbpx

Музалас: Грција ќе биде ставена на голем тест ако пропадне договорот со Турција за бегалците

-

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, го демантира германскиот весник „Билд“ и коментира дека никогаш не изјавил дека  ЕУ мора да смисли план Б за бегалската криза. Во демантот, грчкиот министер истакнува дека изјавата што ја пренесе германскиот весник не е точна и дека тој во своите одговори за весникот во ниту еден момент не споменал идеја за план Б.

Весникот вчера пишуваше дека Музалас апелира ЕУ да смисли алтернативен план како би се справила со нов голем бегалски бран поради ситуацијата во Турција. Според одговорите што Музалас ги испрати во демантот, пак, засега Турција го почитува договорот, а бегалците што доаѓаат откако е склучен договорот се во многу помал број во споредба со истиот период минатата година.

„Бројот на бегалци што доаѓаат на островите некои денови е нула, а други денови е блиску до 100. Во секој случај, тоа е бројка на која внимаваме. Меѓутоа, мора да споменам дека процентот на луѓето што доаѓаат во споредба со истиот период лани е намален за 95-97 отсто. Ние ги следиме одблиску работите, секако дека сме загрижени, но засега бројот на луѓе што доаѓаат на островите не е индикација дека нема почитување на договорот“, вели Музалас за „Билд“.

Тој забележал дека грчката влада ги има известено европските институции за можните опасности од случувањата во Турција, но во одговорите никаде конкретно не споменува план Б.

Во интервју за грчката телевизија „Скај“, Музалас сепак изрази загриженост дека доколку Турција го блокира договорот со ЕУ, Грција ќе се најде соочена со многу тежок тест и со нова бегалска перипетија ако повторно дојде до драстично зголемување на бегалскиот бран кон Грција.

„Ќе бидеме ставени на тежок тест ако пропадне договорот со Турција, под претпоставка дека повторно ќе почне бегалскиот бран, бидејќи ниедна држава не е подготвена да се справи со такво нешто. Стравуваме, се подготвуваме и имаме предвид дека овој проблем ќе биде голем тест за нас ако навистина се случи. Имаме 60.000 бегалци и тоа е бројка со која можеме да се справиме“, истакна Музалас во интервјуто.

Кај Грција постои загриженост откако Турција се закани дека може да го прекине договорот со ЕУ од март со кој се контролира бегалскиот бран кон Грција, доколку европските институции не дозволат безвизен режим за турските граѓани. Весникот „Катимерини“ пренесува дека за грчката влада е критичен периодот септември-октомври, до кога се претпоставува дека Турција ѝ дава рок на ЕУ да се изјасни за безвизниот режим. Засега, според дипломатски извори што ги цитира весникот, турските власти не се обиделе да ги притиснат грчките власти за случајот со турските војници кои чекаат на одлуката за азил во Грција преку притисоци за бегалското прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...