Решение за името треба да се потпира на широк општествен консензус и беспрекорна уставна основа. Преспанската спогодба не е таков случај. Таа само предизвика дополнителен раскол и во Грција и во Република Македонија, изјави Марија Захарова, портпаролката на руското министерство за надворешни работи на денешниот брифинг за новинари, сподели Руската амбасада во Скопје на својот „Твитер“ профил.

– Збунети сме од изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека некои бизнисмени кои сочувствуваат со Русија наводно го финансираат анти-владиното протестичко движење во Македонија во врска со Договорот постигнат со Грција. Целта на паушалните обвинувања на сметка на Москва имаат за цел создавање на антируска хистерија. Никакви докази нема, ниту ќе има што би можеле да ги потврдат зборовите на Зоран Заев – рече Захарова.