fbpx

Могерини: Мирот во Сирија нема да значи крај на бегалската криза

-

Меѓународната заедница, дури и со некое „чудо“ да успее да стави крај на конфликтот во Сирија, Европската унија и понатаму ќе биде соочена со голем миграциски бран, оцени денеска високиот претставник за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

– Да не се самозалажуваме. Денес во центарот на вниманието е Сирија со четири милиони бегалци во странство и осум милиони раселени лица на нејзина територија. Освен Сирија, сепак, во цел свет има војни, глад, сиромаштија. Дури и доколку се случи чудо и утре да го решиме сирискиот проблем, Либија ќе остане отворен и неконтролиран коридор кон Европа, сè додека не успееме да ја вратиме стабилноста во таа земја. А освен Либија, тука е и цела Африка – рече Могерини.

Шефицата на европската дипломатија смета дека Унијата треба да ги реформира правилата за доставување азил преку квалификувано мнозинство, по принципот како што тоа го стори неделава со одлуката за прераспределување на 120.000 кандидати за азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...