fbpx

МНР: Нема податоци за загинати македонски државјани во земјотресот во Италија

-

Министерството за надворешни работи соопшти дека досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани во силниот земјотрес што го зафати централниот дел на Италија.

Оттаму велат дека македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија.

„За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани што во моментот се наоѓаат во Италија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија“, посочуваат од Министерството за надворешни работи.

МНР исто така изрази длабоко сочувство до семејствата на сите загинати и повредени во земјотресот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...