fbpx

МНР ја преведе изјавата на Попоски за оградата

-

Министерството за надворешни работи на Македонија денеска излезе со превод на изјавата за оградата на границата, на министерот Никола Попоски, дадена во интервју за унгарскиот неделник „Фиѓело“. Според МНР, Попоски за неделникот го изјавил следното:

„Очигледно и кај нас ќе треба некаква физичка заштита за да го намалиме нелегалното преминување на границата. Тешко е тоа да се постигне за кратко време, а не е решение за долг период. Но, доколку сериозно го земеме тоа што го бара од нас Европа, тогаш ќе има потреба и од тоа. Било војници, било ограда, или комбинација од двете. Но, нагласувам: не го сметаме ова за добро решение“.

Реакцијата на МНР доаѓа еден ден откако странските медиуми ја пренесоа изјавата на Попоски дека Македонија размислува за подигнување ограда на границата со Грција.

Околу 7.600 мигранти, меѓу кои повеќето бегалци од Сирија, влегле во Македонија во последните 24 часа, соопшти претставникот на УНХЦР за Македонија.

– Имаме информации од грчките колеги дека автобуси се на пат, што значи дека тие доаѓаат и ќе продолжат да доаѓаат – рече Александра Краусе, претставникот на УНХЦР кој престојува на македонско- грчката граница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...