Наспроти тврдењето на премиерот Зоран Заев, кој во телевизиско интервју изјави дека преговрите за СЈО се, како што рече „на добар пат“ откако биле прифатени 30 амандмани од опозицијата, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, не е оптимист.
-Во овој момент не сум оптимист, но треба на процесот да му се даде шанса, бидејќи овој процес е од исклучително значење во Македонија конечно да се врати правната држава, а не ова денеска со Кацарска судството и Рускоска и обвинителство. Исто така, за нас како ВМРО ДПМНЕ е важно да немаме селективна правда, но правда навистина за сите, не правда за определена политичка партија, и определени политичари. Така што, ние остануваме во рамките на тие работни групи, ќе се обидеме да дадеме нови креативни решенија – оцени Мицкоски во Штип.