fbpx

Анализа: Кампањата почна со јога, политика и тешка математика

-

На самиот почеток на кампањата за претседателските избори во Северна Македонија има се разбира многу политика, но и многу математика и … по малку забава.

Гласачите на 21 април во првиот круг ќе избираат меѓу тројца кандидати Стево Пендаровски – кандидат кој го подржува владејачката партија СДСМ, Гордана Силјановска – Давкова која се декларира како независен кандидат, но ја доби поддршката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Блерим Река од Алијансата на Албанците.

Неизвесноста, сепак, не е само кој кандидат ќе победи туку и дали воопшто ќе се постигне потребниот цензус во вториот клучен круг од изборите на 5 мај? Имено, (1) во избирачкиот список има запишано 1.808.131 гласачи (цензусот е постигнат ако излезат 40%), од кои дел се иселени и работат во странство. (2) Не е јасно како ќе се однесуваат гласачите Албанци во вториот круг, односно дали ќе излезат да гласаат за еден од „македонските кандидати“ бидејќи математички е јасно дека „нивниот кандат нема да го помине првиот круг и (3) дали, ако опозицијата види дека губи во првиот круг, нема да бојкотира во вториот и со тоа да ги урне изборите.

Засега социјалдемократите се оптимисти дека не само што ќе победат, туку и дека ќе го има потребниот цензус, а опозицијата внимателно одбегнува да спомене „бојкот“ и игра на патриотската карта.

Двата кандидати имаат сосема спротивставени пораки. Пендаровски вели „заедно напред“ , а Силјановска – Давкова – бара „Правда за Македонија“.

Се гледа дека се работи за јасни ставови и дека тие главно се однесуваат на фактот дека земјата од неодамна е со ново уставно име Република Северна Македонија. За Пендаровски тоа е повод да повика „Заедно напред“ – значи сите  – и Македонци и Албанци и други – да не гледаат назад во траумите од промената на името, туку напред кон ЕУ и НАТО.

Спротивно на ова, Силјановска – Давкова, игра на картата на  „Правда за Македонија“ и „Татковината повикува“, што исто така асоцира на „неправдата“ штп наводно и е нанесена за земјата да го промени името и дека треба народот да се обедини околку неа тоа неправда да се исправи.

Засега,  Давкова, универзитетски професор и правник, не е есплицитно јасна како тоа мисли да го поништи Договорот од Преспа со Грција. Ја спомнува опцијата со одење на Меѓународниот суд во Хаг и сигурно е дека тој нејзин наратив функционира кај добар дел од граѓаните.

Давкова (Гордана) покажа дека ќе води и малку понеконвенционална кампања па ги изненади сите кога ги повика на „Јога со Гога“ на брегот на Охридското езеро.

Првата тв дебата на кандидатите очекувано се одвиваше во рамките на расправата околу промената на името – дали требало, дали морало и што и како понатаму. Притоа, Силјановска – Давкова остана осамена во ставот дека тоа е направено насилно и неуставно и дека треба да се ревидира целиот процес и врати уставното име.

Нејзините двајца противници, напротив сметаат дека, не само што тоа е неповратен процес, процес кој ги отвора вратите на „новата“ Република Северна Македонија конј иднината и кон зацврстувањето на стабилноста на целиот регион на Балканот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...