Министерот Алиу се пофали со дигиталните јавни услуги во првите 100 дена

Тој посочи дека активно се работи на основањето на Дигиталната агенција која ќе се фокусира на дигитална инклузија и дигитални јавни услуги, со што би се подобрила економијата, транспарентноста и отчетноста на институциите

-

Дигитализацијата, реформите во администрацијата и слободата на медиумите ги посочи министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу како клучни достигнувања во неговите први 100 дена откако дошол на функцијата.

Тој рече дека во овие 100 дена била презентирана најновата иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), а тоа е „DigitalEra“ – програма за која рече дека драстично го променила начинот на кој граѓаните пристапуваат до јавните услуги.

„Со обезбедување на побрзи електронски услуги и зголемување на институционалната транспарентност, го намаливме времето потребно за граѓаните да ги добијат основните услуги. Понатаму, ги поставивме приоритетите во однос на потребите на нашите граѓани со попреченост, обезбедувајќи подобрен пристап до дигиталната инфраструктура и приоритет во услугите на административните шалтери. Преку оваа иницијатива имаме за цел да ја поедноставиме соработката меѓу институциите и граѓаните, промовирајќи ја инклузивноста и ефикасноста во работењето“, рече Алиу.

Тој посочи дека активно се работи на основањето на Дигиталната агенција која ќе се фокусира на дигитална инклузија и дигитални јавни услуги, со што би се подобрила економијата, транспарентноста и отчетноста на институциите. Според Алиу, со забрзана динамика се одвива и процесот на изработка на Стратегиите за ИКТ и сајбер безбедност.

„Во изминатите 100 дена сведоци сме на извонредното проширување на дигиталните услуги на националната платформа, со ветувањето за дигитализација на повеќе од 150 нови електронски услуги до крајот на годината. Овој напредок осигурува граѓаните да имаат лесен пристап до услугите без непотребни доцнења или потреба да се движат низ тешките бирократски процеси“, рече министерот, додавајќи дека Националниот портал сега на граѓаните ќе им нуди електронски услуги и на албански јазик.

Друг проект што го посочи е создавањето на „Една точка за услуги“ на 333 локации низ државата во соработка со Пошта на Северна Македонија.

Во однос на реформите во јавната администрација, тој истакна дека финализирана е новата Стратегија за РЈА (2023-2030), финализирани се Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници кои се во владина процедура и се работи на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната администрација, агенциите и инспекциските служби.

Алиу потсети и дека Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе е во собраниска процедура и се очекува брзо да се изгласа, а наскоро ќе се заврши и вториот дел од законот.

„Работната група ќе почне да работи и на Законот за медиуми. Како резултат на тоа ќе ја промовираме транспарентноста, ќе ја заштитиме слободата на изразување и ќе го поттикнеме одговорното новинарство за зајакнување на темелите на едно демократско општество“, рече министерот Алиу.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...