четврток, 11 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: закон за медиуми | 37 резултати

Со 79 гласа поминаа измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

28 декември 2018

Со 79 гласа „за“, на 78-та седница на Собранието, денеска беше изгласан предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За законот гласаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата, а Лилјана Затуроска порача дека опозицијата ќе поднесе предлог за измена и дополнување на денеска изгласаниот закон, кого сепак го […]

Ванхауте: Реформите во медиумите ќе опстојат само ако има политичка волја

3 април 2018

Понатамошен значаен напредок може да се постигне за неколку години, под услов Владата, а особено надлежниот министер, да останат вклучени во поддршката на слободното и професионално медиумско опкружување – вели белгискиот експерт во интервјуто за „Вистиномер.мк“ и „Мета.мк“. Питер Ванхауте, медијаторот во разговорите меѓу политичките партии за време на процесот за постигнување на Договорот од Пржино […]

Поповски – Ромео: Со законот ќе се обезбеди независно работење на МРТВ и ААВМУ

27 февруари 2018

Се обврзавме на создавање услови за независно и професионално работење на Македонска радио-телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на сите медиуми во Македонија и измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се во таа насока, го информирал министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски италијанскиот амбасадор Карло Ромео. На средбата, како што […]

Нема да го повлечеме Законот за медиуми, вели Манчевски

15 јануари 2018

Законот за аудио и аудиовизуелни услуги нема да биде повлечен, но остануваме отворени за дискусија, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во врска со забелешките од одредени здруженија дека законот е противуставен и дискриминаторски. – Би сакал да знам зошто овие здруженија на многуте јавни дебати што ги имавме не го […]

Трајчевски: Порталите нема потреба да се регулираат, туку само да се регистрираат

22 декември 2017

Невозможно е регулирање на интернет порталите, порача Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешниот јавен состанок на кој ги презентираше активностите за четвртото тромесечје со фокус на медиумскиот мониторинг за локалните избори. – Не станува збор за регулирање, туку најмногу за регистрирање и нотификација. Сметаме дека е невозможно […]

Новинарските здруженија се против „владино законодавство“, бараат саморегулација

21 декември 2017

На македонското новинарство воопшто не му е потребен закон за медиуми, па постоечкиот треба да се укине, а не да се размислува за нова верзија, порача Тамара Чаусидис, претседателката на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија (ССНМ) на денешната дебата „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“, која ја […]

Манчевски: За законот за ААВМУ не ни се брза, а за законот за медиуми – апсолутно не се брза

22 ноември 2017

Ако за законот за ААВМУ не ни се брза, за законот за медиуми – апсолутно не ни се брза да го донесеме, изјави денеска министерот за информатичко општество и за администрација, Дамјан Манчевски, во паузата на 13. Kонференција „Е-општество“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. – Законот за ААВМУ веќе три години се дебатира […]

Манчевски: Владата нема да иницира регулирање на работата на порталите

14 ноември 2017

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска соопшти дека Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми за да се регулира работата на порталите. Сепак, тој додаде дека остануваат отворени за сугестии за законот ако професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа. – Промените во Законот за медиуми, ако има потреба, […]

Трајчевски: Независноста на АВМУ ќе се наруши ако се стави под капата на Владата

5 септември 2017

Укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од буџетот ќе ја наруши независноста на институцијата и ќе ја стави под капата на Владата, оцени денеска директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, на отворањето на Конференцијата со регулаторните тела за медиумите од Бугарија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска и од […]

Грчкиот суд го прогласи за неуставен новиот закон за медиуми

27 октомври 2016

Новиот закон за медиуми на грчката влада не помина на Уставен суд. Со 14 гласа „за“ и со 11 „против“, судот одлучи дека законот е неуставен бидејќи владата го заобиколила Националниот совет за радиодифузија во аукцијата во која се доделија само четири национални телевизиски концесии. Аукцијата за национални концесии ја спроведе Генералниот секретаријат за медиуми, а […]

Грчкиот уставен суд ќе му пресуди на новиот закон за медиуми

19 октомври 2016

По долга тензична расправа, со 16 гласа „за“ и со 9 „против“, Уставниот суд ги одобри жалбите на грчките телевизии. Во следниот период ќе има дискусија и одлука дали е уставен новиот закон за медиуми на владата на СИРИЗА, со кој дозвола за работа добија четири телевизии, а исто толку постоечки телевизии останаа без концесија и […]

ЗНМ: Со новиот закон за рекламирање, медиумите ќе станат огласна табла на Владата

4 јули 2016

Министерката за информатичко општество и администрација (МИОА), Марта Арсовска-Томовска, и нејзиниот заменик, Тимчо Муцунски, денеска до Собранието поднеле предлог-закон за владино рекламирање. Предлог-законот предвидува Владата да може да се рекламира во медиумите, но, како што е наведено, само за работи од јавен интерес. Во предлог-законот, исто така, е наведено дека во рекламирањето не смее да се […]

Груевски: СЈО го изгуби кредибилитетот

19 јуни 2016

Специјалното јавно обвинителство има задача да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ и да му помогне на СДСМ, оцени лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, додавајќи дека СЈО на тој начин го урнало својот кредибилитет. – Прес-конференциите на Специјалното јавно обвинителство, нивните празни пријави кои ги доставуваа за истраги и слично до судовите, укажуваат дека ова обвинителство практично […]

СДСМ до Собранието денеска ќе поднесе предлог-закон за медиуми

29 март 2016

СДСМ го поддржува предлог законот за реформи во медиумите, поднесен од новинарските здруженија, изјави денеска на прес-конференција, Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на опозицијата. Тој рече дека денеска нивната пратеничка група и коалиционите партнери поднесуваат предлог-закон за изменување на Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, по скратена постапка со барање за одржување на […]

Гарет: Сè уште се можни избори на 5 јуни

22 март 2016

Од прочистувањето на избирачкиот список зависи успешноста на спроведувањето на изборите, порача од Штип британскиот амбасадор, Чарлс Гарет. Амбасадорот очекува партиите заедно да работат и да го осигураат спроведувањето на фер и регуларни избори. – Верувам дека изборите сè уште се можни на 5 јуни, но за да се завршат сите обврски, потребно е државата […]

Новинарските здруженија бараат спроведување на медиумските реформи пред изборите во јуни

15 март 2016

Претставници на пет новинарски и медиумски организации, Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска се сретнаа со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и побараа објаснување зошто пропаднаа разговорите за […]

Заев: Нема кредибилни избори без реформа во медиумите

15 март 2016

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претставникот на преговарачкиот тим на СДСМ, Роберт Поповски, денеска се сретна со претставници на Здружението на новинари на Македонија, Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство, Независниот синдикат на новинари, Советот за етика и на Македонскиот институт за медиуми. На средбата, како што соопштија од СДСМ, […]

Собранието го одложи самораспуштањето за 7 април – избори на 5 јуни

24 февруари 2016

Со 83 гласа за и три против Собранието ја донесе одлуката за изменување на одлуката за самораспуштање. Законодавниот дом според новата одлука треба да се распушти на 7 април, односно 60 дена пред датумот на одржување на изборите. Пратениците, без СДСМ, ги изгласаа и измените на Изборниот законик со кој се дефинира 5 јуни како датум […]

Партиите постигнале договор за избори на 5 јуни – Собранието се распушта на 7 април

23 февруари 2016

Собранието на Република Македонија вечерва на вонредна пленарна седница ќе расправа за повлекување на одлуката за самораспуштање. Во предлог-одлуката за измена на одлуката за распуштање на собранието, потпишана и предложена од 27 пратеници се наведува: „Со оглед на тоа што не е постигнат договор за одржување на предвремените парламентарни избори за пратеници на 24 април […]

Брисел и Вашингтон уште ја договараат изјавата дали се исполнети условите за избори

19 февруари 2016

Оцената за условите за одржување избори на 24 април најверојатно нема да биде соопштена денеска, дознава „Мета“. Според висок дипломат, конечниот текст на заедничката изјава сè уште се прецизира во Брисел и во Вашингтон. Преговорите на политичките партии на локално ниво продолжуваат. Евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли, по средбата со техничкиот премиер Емил […]

Страна 1 од 2