петок, 23 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: закон за медиуми | 37 резултати

Бејли и Орав, засилување на работните групи за медиумите

16 февруари 2016

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и евроамбасадорот Аиво Орав им се приклучија на преговарачите од работните групи за законот за медиуми во Клубот на пратеници. Дипломатите ќе се обидат да извршат притисок врз политичките партии за побрзо решавање на ова прашање. Пред почетокот на средбата, белгискиот олеснувач Питер Ванхауте рече дека се надева […]

Шекеринска: Со уште едни криминални избори, кризата ќе се продлабочи

14 февруари 2016

Делегација на СДСМ, предводена од заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска имаше работен појадок со шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс. На средбата, како што соопштуваат од партијата, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, како и за мигрантската криза. – Поради изборните измами и манипулации на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, почна политичката […]

Ванхауте: Сите партии доставија нови амандмани за законот за медиуми

11 февруари 2016

Работните групи на политичките партии за реформи во медиумите денеска ќе се обидат да се доближат по овие прашања. Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред почетокот на средбата во Клубот на пратеници рече дека се надева на напредок. – Сите партии доставија нови амандмани и денеска ќе разговараме за тоа. Јас мислам дека е добро што сите […]

Шекеринска: Без прочистен список и регулација на медиумите, нема демократски избори

9 февруари 2016

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во придружба на претседателката на комисијата за информатичко општество, Цветанка Иванова, и претседателот на комисијата за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ги посетија жителите на општина Радовиш. – Вашите реални проблеми и проблемите на граѓаните не можат да допрат до јавноста затоа што провладините медиуми, преплатени со наши […]

Димовски: Предлогот на СДСМ за медиумите е „Гаргамел-закон“

4 февруари 2016

ВМРО-ДПМНЕ го отфрли предлог-законот за медиуми кој СДСМ вчера го предложи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. Според Илија Димовски, член на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, овој закон е противуставен, неевропски и го нема во ниту една држава во светот. – Со законот на СДСМ се предвидува зголемување на казните за медиумите. Исто […]

СДСМ денеска ќе достави предлог-закон за медиуми до работните групи

3 февруари 2016

СДСМ денеска до партиите потписнички на Договорот до Пржино ќе го испрати својот предлог-закон за медиумите, по што треба да се одржи и средба на работните групи. Засега сè уште нема закажано термин за средба помеѓу преговарачките тимови, а се очекува новата рунда разговори да се одржи најдоцна утре. Предлогот на СДСМ бил на иста линија […]

Заев: Медиумите треба да бидат решени до 19 февруари

2 февруари 2016

На вчерашната средба со граѓаните на неколку населби во Штип, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека забрзано се работи на решавање на второто крупно нерешено прашање во работната група, за дорегулација на медиумите. – Амбасадорите најавија дека до деветнаесетти (прашањето за) медиумите мора да биде затворено ако сакаме да имаме навремена дорегулација на медиумите, за да […]

Димитриев: Постојниот закон за медиуми е добар

2 февруари 2016

Потребно е решение за медиумите што ги задоволува потребите на Македонија, соопшти денеска премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по средбите со трите новинарски и медиумски здруженија и асоцијации. – Како Влада стоиме на ставот дека постојниот закон за медиуми, кој е работен со помош на Европската унија, е добар, а ако се одлучи дека […]

ВМРО-ДПМНЕ предлага два уредника за МРТВ, еден од власта и еден од опозицијата

26 јануари 2016

Закон за владино рекламирање и комбинирана форма за функционирање на МРТВ по словенечко-германско-белгиски модел биле предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за регулирање на медиумите на вчерашните работни групи во Клубот на пратениците, дознава „Мета“. Според нашите информации, Никола Тодоров, кој ја предводи работната група на владејачката партија, предложил финансирањето на МРТВ да биде на два начина. Едниот […]

Британска амбасада: Треба консензус за преостанатите прашања од Договорот од Пржино

19 јануари 2016

Британската амбасада во Македонија преку соопштение ги повика политичките лидери да постигнат консензус за отворените прашања за да обезбедат фер и демократски избори. „Треба да се заврши уште многу работа за веродостојни избори, особено во однос на гласачкиот список, балансирано медиумско покривање и еднаков пристап до медиумите. Досегашниот напредок се засноваше на договор помеѓу четирите главни партии. […]

Заев: Без прочистен избирачки список и без закон за медиуми нема регуларни избори

19 јануари 2016

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Струмица повторно изјави дека без прочистен избирачки список и без закон за медиуми е невозможно да се има регуларни избори. – Без регулација на медиумите и професионални стандарди во медиумскиот простор, не може да има фер и демократски избори. Без прочистен избирачки список, не може да има регуларни […]

Хан: Лидерите да се придржуваат до Договорот од Пржино

18 јануари 2016

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, денеска ги повика македонските политичките лидери да го спроведат Договорот од Пржино. – Би било одлично изборите да се спроведат во тој дух, на кој сите се посветени. Во секој случај политичките играчи во земјата треба да се придржуваат до Договорот од јуни, односно јули – рече […]

Брисел не сака да го коментира предлогот за медиумите на Ванхауте

4 декември 2015

Европската комисија не сака да шпекулира за деталите од тековните преговори за законот за медиуми, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментираат предлог-законот што го доставил олесувачот Питер Ванхауте, а кој не е во согласност со законите за медиуми на ЕУ. – Продолжуваме со работата што ја правиме […]

Страна 2 од 2