fbpx

Бејли и Орав, засилување на работните групи за медиумите

-

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и евроамбасадорот Аиво Орав им се приклучија на преговарачите од работните групи за законот за медиуми во Клубот на пратеници.

Дипломатите ќе се обидат да извршат притисок врз политичките партии за побрзо решавање на ова прашање.

Пред почетокот на средбата, белгискиот олеснувач Питер Ванхауте рече дека се надева на решение, иако не е оптимист.

– Ќе разговараме за сите предлози од политичките партии, новинарските здруженија и од организациите. Свесен сум дека има малку време, но ќе дадеме сè од себе да го затвориме и ова прашање – изјави Ванхауте.

Засега ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да се преземе кој било европски закон и да се имплементира во македонското законодавство, додека СДСМ и ЗНМ го прифаќаат предлогот на Ванхауте.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...