fbpx

Шекеринска: Со уште едни криминални избори, кризата ќе се продлабочи

-

Делегација на СДСМ, предводена од заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска имаше работен појадок со шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс.

На средбата, како што соопштуваат од партијата, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, како и за мигрантската криза.

– Поради изборните измами и манипулации на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, почна политичката криза во Македонија. Со уште едни криминални избори, кризата ќе се продлабочи – рече заменик-претседателката на СДСМ.

Шекеринска на средбата со Кундерс истакнала дека СДСМ инсистира на целосно исполнување на обврските од Договорот од Прижино и додала дека без прочистување на избирачкиот список и без регулација на медиумскиот простор во Македонија не можат да се спроведат фер, демократски и слободни избори.

– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги исполни сите обврски од Договорот. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат преку медиумска кампања да ги дискредитираат независните институции што произлегоа од тој Договор. Ние веруваме во правдата, во еднаквоста на сите пред законите – рече Шекеринска.

Во однос на мигранската криза, Шекеринска истакна дека потребни се системски решенија и поддршка за Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...