fbpx

Грчкиот уставен суд ќе му пресуди на новиот закон за медиуми

-

По долга тензична расправа, со 16 гласа „за“ и со 9 „против“, Уставниот суд ги одобри жалбите на грчките телевизии. Во следниот период ќе има дискусија и одлука дали е уставен новиот закон за медиуми на владата на СИРИЗА, со кој дозвола за работа добија четири телевизии, а исто толку постоечки телевизии останаа без концесија и ќе треба да го згаснат сигналот до крајот на годината.

Доколку судот одлучи дека законот е неуставен, тогаш ќе треба да се откаже целата процедура за доделување телевизиски концесии. Засега е неизвесно колку долго ќе трае процесот. Проценките се дека може да биде од неколку недели до неколку години ако има некакви компликации во составот на судиите.

Одлуката на Уставниот суд предизвика изненадување во грчката влада. Извори од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас коментираат дека не треба работите да се расудуваат предвреме бидејќи не е донесена никаква конечна и суштинска одлука. Оттаму обвинуваат дека опозициската Нова демократија и бизнисмените зад телевизиите кои останаа без концесии, се обидуваат да извршат притисоци врз Уставниот суд и да се мешаат во правниот систем.

Грчкиот министер одговорен за медиуми, Никос Папас, во интервју за државната телевизија ЕРТ истакна дека ако законот биде прогласен за неуставен, тогаш државата ќе треба да се врати на стариот неуставен систем и да фукционира со телевизии кои немаат платено национална концесија.

„Ако се случи тоа, се враќаме во неуставен режим. Нова демократија ги повикува судиите да извадат пари од државната каса и да ги вратат назад на сопствениците на медиумите“, истакна Папас.

Папас ја обвини и Нова демократија за обид по секоја цена да се урне законот и да се оди на предвремени избори, а ги обвини и бизнисмените зад телевизиите за притисоци врз судиите, коментирајќи дека медиумите во вестите не се занимаваат со информирање на граѓаните, туку со заштита на бизнис-интересите на нивните газди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...