fbpx

Mигрант загинал од струен удар додека стоел врз вагон од воз

Случајот бил пријавен во МВР и во Итната медицинска помош. Лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош била констатирана смрт

-

Регионалниот Центар за управување со кризи – Велес, денеска информира дека преку единствениот број за итни повици Е-112 во ЦУК, е добиена информација дека мигрант загинал од струен удар. Тој бил качен на покривот на вагоните на воз, што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, во населеното место Градско.

„Лицето дошло во допир со кабел на електрична енергија и добил струен удар. Случајот е пријавен во МВР и во Итната медицинска помош. Според информациите добиени од МВР, лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Настраданото лице е од машки пол на возраст од околу 30 години“, информираат во ЦУК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ивановска: Уште во 2019 констатиравме судир на интереси кај Анѓушев, Владата не го разреши

Секоја помош од меѓународните институции, од нашите пријателски држави, особено САД, кои се стратешки партнер, е добредојдена и очекувам меѓународните и домашните институции понатаму да ги преземат сите неопходни...