fbpx

Мицкоски тврди дека средбата со Ковачевски била неуспешна, бара предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без учество на ДУИ, рече лицерот на опозицијата

-

Во Клубот на пратеници денеска се одржа тет-а-тет средба меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По средбата, која траеше час и половина, Мицкоски на прес-конференција го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на коалицијата дека нема да поддржат „уставни измени под бугарски диктат на ваков начин, под овие околности“.

Мицкоски вели дека предлогот на Ковачевски бил со двотретинско мнозинство да се изгласа потребата за промена на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која што од десетте ресори кои што во овој момент ги менаџира СДСМ, пет ќе бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ.

„На оваа понуда која што претставува позиција на Димитар Ковачевски од моја страна беше даден следниот одговор, во ред, ја разбирам понудата и за истата го имам следниот став, ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без учество на ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да учествува во истата со тоа што избори подготвува техничка Влада, не оваа Влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот Протокол на Македонија во рамките на ЕУ од парламентите на 27-те земји членки“, рече Мицкоски.

Тој рече дека предложил да се оди на предвремени парламентарни избори кои што ќе се одржат на есен.

„Да се формира влада на широко национално единство во која што нема да биде дел ДУИ и бидејќи ниту една земја членка на ЕУ нема против со македонскиот многувековен идентитет, традиција, култура, обичаи, македонскиот јазик, тогаш еве јас сум подготвен да разговарам со неколку премиери на земји членки на ЕУ на следниот состанок на Европскиот Совет, да изгласаат потврда, гаранција за сето ова кое што ние го зборуваме па да видиме дали е навистина така како што ни велат дека е така“, рече тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека лидерската средба ги покажала позициите дека во овој момент нема двотретинско мнозинство во парламентот и дека треба да се оди на предвремени парламентарни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...