fbpx

Мицкоски: Територијалниот интегритет на Украина мора да се почитува, сите прашања да се решат по дипломатски пат

-

Откако државниот врв во земјава категорично изрази осуда за воената агресија од страна на Русија врз Украина и Владата ја усвои Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружување на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки, се огласи и престдедателот ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ме прашуваат за став за руската агресија врз Украина, а партиските глодари на СДСМ и ДУИ дополнително ќе речат сум немал став додека ја чекаат коската која треба да ја добијат од стопанот со крадени народни пари. Јас мојот став го кажав јасно и во лице пред дваесет дена на состанок со амбасадорот на Руската федерација во Македонија: територијалниот интегритет на Украина како и на секоја суверена земја е константа и мора да се почитува, а сите различни ставови во поглед на актуелните прашања да се решат по дипломатски пат“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој во својот пост изрази жалење што не може да стори повеќе иако би дал сè за да спречи страдање на цивилите и невини човечки жртви.

Сепак, тој јавно посочи оти за него било важно како Македонија ќе се справи со „актуелните предизвици на економски и енергетски план, какви се резервите со кои Македонија располага во услови на криза која надоаѓа, ќе продолжи ли криминалот и корупцијата како и распродавањето на националните интереси“.

„Работата на политичарите е да воспостават мир, да градат пријателства и да се даде шанса на дипломатијата. Да се сочува меѓународното право и принципи, да се сопре агресијата и да се почитува територијалниот интегритет на секоја независна и суверена држава“, нагласи претседателот на најголемата опозициска партија во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...