fbpx

Вонредна состојба во Молдавија и Литванија, Централна Европа се подготвува за бегалци од Украина

-

Молдавија и Литванија прогласија вонредна состојба на територијата на нивните земји по руската воена инвазија на Украина што започна утрово. Литванскиот јавен радиодифузен сервис објави дека вонредната состојба започнува денеска во 13 часот и ќе трае до 12 март. Литванските власти наведуваат дека ова е неопходно за пофлексибилно да се користат државните резерви и да се засили граничната контрола. Литванија се граничи со Калининградската област која е во состав на Русија.

Молдавија прогласи вонредна состојба, додека властите на оваа држава почнаа да ги зајакнуваат воените патроли за да спречат провокации, јавува српскиот весник Данас. Оваа поранешна советска република исто како и Украина има отцепен регион – Приднестровје, во којшто се стационирани руски воени сили и е формирана пара-држава.

Во меѓувреме, сите соседни земји на Украина се подготвуваат за приливот на бегалци откако започна рускиот напад. Словачка ќе прати 1.500 лица на границата со Украина, коишто би им помогнале на бегалците. Воедно, Словачка е подготвена и за зголемување на бројот на гранични премини во случај на наплив на бегалци, јавува Ројтерс.

Полските власти соопштија утрово дека отвораат осум центри за прием на украински бегалци во два полски региони што се граничат со Украина. Бегалците на овие места ќе добијат храна, медицинска помош и информации. Како што јавува Балкан Инсајт, во Полска веќе се наоѓаат над 1 милион украински жители коишто претходно пребегнаа од руската агресија во Украина, која започна во 2014 година.

Унгарскиот министер за одбрана Тибор Бенко рече дека вооружените сили на Унгарија се подготвени за да примат бегалци од Украина, јавува Хангари тудеј. 

Молдавија денеска исто така потврди дека е подготвена да прими десетици илјади бегалци од Украина, а поддршка за прием на бегалци од Украина веќе најави и Чешка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...