fbpx

Метју Лосон од јули ќе биде нов британски амбасадор во земјава

-

Британската влада денеска соопшти дека Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Северна Македонија. Тој ќе стапи на должност во јули годинава на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, на која ѝ истекува на мандатот.

Лосон доаѓа во Скопје откако претходно ја вршел функцијата британски амбасадор во Душанбе, Таџикистан. Во неговата професионална биографија се вклучени и должностите заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада.

Актуелната британска амбасадорка Рејчел Галовеј денеска на Твитер напиша дека Метју Лосон има длабоко искуство со работењето во регионот на Западниот Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...