fbpx

Вистиномер: Не е точно дека на 9 април годинава во трговски центар во Киев се појавил знакот на Хитлер

-

Снимката е веродостојна, но е стара повеќе од три години. Направена е на 16 февруари 2019 година и потекнува од трговскиот центар „Хородок“ во Киев. Лед светилките на скалилата неколку минути на овој датум биле осветлени со огромен кукаст крст, но не од страна на трговскиот центар, туку како последица на хакерски напад, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, на кој е претставено видео со скалила од трговски центар, на кои има знак на кукаст крст. Во постот се вели:

09.04.2022

Киев

Трговски центар со знакот на Хитлер

Меѓутоа, не е точно дека видеото датира од деветти април 2022 година. Проекцијата на свастиката во трговскиот центар во Киев е резултат на хакерски напад кој се случил во 2019 година за што постојат и јавни објави од страна на трговскиот центар. Подетално образложен, настанот изгледа вака.

Снимката е веродостојна, направена е на 16 февруари 2019 година и потекнува од трговскиот центар „Хородок“ во Киев. Лед светилките на скалилата неколку минути на овој датум биле осветлени со огромен кукаст крст, но не од страна на трговскиот центар, туку како последица на хакерски напад.

Веднаш откако овој симбол се појавил на мултимедијалните скалила, обезбедувањето ги исклучило лед светилките, а раководството на трговскиот центар „Хородок“ на 18 февруари 2019 година објави извинување за инцидентот со образложение што точно се случило. Во образложението го пишува следното:

Почитувани посетители на трговскиот центар Галерија Хородок! Се извинуваме поради ситуацијата што се случи викендов со лед скалилата во нашиот трговски центар. Нашиот компјутерски систем беше хакиран. За жал, не сме првите кои сме жртви на хакерски напади. Раководството и персоналот немаат никаква поврзаност со тоа што беше поставено на скалилата и на ниеден начин не се поддржувачи на ваквите акции. Сега активно трагаме за поединците учесници во овој напад. Се надеваме на вашето разбирање и се заблагодаруваме на сите кои не останаа рамнодушни на нападот. Уште еднаш се извинуваме и ги предупредуваме јавните институции дека постои можност ваква ситуација да се повтори, пишува на официјалната страница на трговскиот центар.

Наредниот ден, на 19 февруари 2019 година, трговскиот центар повторно излегува со јавно соопштение во кое опишува повеќе детали за настанот. Во ова соопштение се вели дека во 13.30 часот на 16 февруари 2019 година, непознати напаѓачи извршиле хакерски напад врз системот за управување на екранот на скалилата во трговскиот и презеле контрола над него во текот на неколку минути. Кога системот бил исклучен од електрично напојување и контроверзната провокативна слика од свастиката исчезнала. Чуварот на трговскиот центар, го забележал кукастиот крст и ги презел сите неопходни дејства да ја ислкучи струјата. Инцидентот е снимен на мобилен телефон од страна на еден од посетителите.

Очекуваме да добиеме одговор на прашањето зошто напаѓачите го избраа нашиот трговски центар. Во моментов знаеме само едно, нашиот трговски центар има уникатно лед скалило, кое, за жал, се покажа мета на незаконски дејствија. Ставот на раководството е што поскоро да се пронајдат и изведат пред лицето на правдата сторителите на хакерскиот напад. Тесно соработуваме со истрагата и органите на прогонот кои вршат дејствија поднесоа пријава и водат истрага. Камерите ги снимиле осомничените и овие материјали се предадени на истражните органи. Веќе ги засилуваме безбедносните мерки, пишува во второто соопштение од трговскиот центар.

Видеото на Јутјуб е објавено на 17 февруари 2019 година.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно дека на 9 април 2022 година во трговски центар во Киев осамнал кукаст крст на скалила од трговски центар. Во постот се пропушта контекстот затоа што не се кажува дека видеото е старо од 2019 година и дека станува збор за хакерски напад, а не за умисла на трговскиот центар да презентира фашистичка симболика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...