fbpx

Денеска 185 нови случаи на ковид-19, нема починати лица

-

Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа во земјава се направени 2.216 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19. Од нив, речиси две-третини се од Скопје – 114, а следен град е Битола со 29, додека третиот според бројките, Кавадарци, има само 9 нови случаи.

Од вкупниот број позитивни (185), регистрирани се 28 реинфекции, односно случаи на повторно заразување со корона вирусот.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица од ковид-19.

Регистрирани сe 124 оздравени пациенти во изминатово деноноќие.

Досега во земјава се направени вкупно 1.988.999 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 308.152, бројот на оздравени пациенти е 297.724, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 1.172.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...